Па и немате многу избор штом сте само на еден форум зачленети, нормално дека тој ќе ви е омилен. Јас Црно-Белиот највеќе си го милувам поради шареноликоста, зашто Феминава (која ми е на второ место) знае да ми стане монотона со само женски муабети, шминки и нокти, бремени Богородици и многу хормони и ПМС.
Фемина дефинитивно. На кајгана да пишеш некој проблем одма ќе ти се нафрлат да те тролаат. Тука можеш ко човек да се разбереш. На црнобело сум зачленета ама многу ми се досадни тие
Ќе се самоцитирам дека си го променив мислењето. Поактивна сум на кајгана во последно време, некако полесно си ги искажувам мислењата таму. Веројатно дека сум скроз анонимна, не ставам слики од мојата коса, шминка, нокти и слично. Плус, нема многу тинејџери ко тука. Обавезно читам по неколку смешни постови во денот.
Кајгана дефинитивно. Не сум член,ама често читкам таму.Има многу подобра и поквалитетна дискусија и гледам луѓето лесно се изразуваат. Овој не е лош форум,ама многу постегнато е некако
Шест години, речиси секојдневно сум на Идивиди Форум...ми стана ритуал подеднакво важен како и првото кафе. Иако е далеку од она што беше пред неколку години, сеуште се труди да преживее благодарение на оние членови што се преостанати на него и по некој старо-нов член што повремено ќе влета.