Само на Фемина сум регистрирана моментално, други форуми и не читам баш...Пред неколку години омилен ми беше Гламстик, таму бев дел и од модераторскиот тим па си имав доста обврски.
Овој,спрскиот ana.rs го читам понекогаш,но не сум регистрирана и уште еден странски форум(исто само го читам понекогаш,не сум член).
Само на Фемина сум зачленета, некогаш кога гуглам за нешто случајно ако ми испаднат ги отворам да читам ако има нешто корисно.
Само на Фемина сум. Но порано се сеќавам имаше Гламстик ако не се лажам така се викаше. Беше интересен и тој
Ехх друже , јас пораснав со идивиди форумот, следна година славам 15 години како сум член таму И ден денес знам да се навратам и да пишам нешто , сите спомени ги имам споделено таму и целиот процес како ми се менуваше животот во разни периоди ма буквално до ситници од прв дечко, прв бакнеж, прв ден на факултет , испити, неспиени ноќи, интервју за работа , многу многу тајни ми се споделени само таму. Затоа форум број 1 за мене секогаш ќе биде ИДИВИДИ
Сега проверив... 10 години сум таму член. И уште сум модератор... Иии... ти мора да си била до друго име таму...
Да Битно не сме само јас и ти , бааги не има од идивиди што пишуваме на фемина @LaFille, @Moira, @EvAngelos @Dust Јас само што почнав да коментирам тука, одма ме примети @Dust . Битно тука ќе се манијачиме
Честито! Јас 12 години сум член таму. Пишував од 2007 до кај 2012 мислам. Многу пријатели запознав таму. Со една пријателка баш пред некое време зборевме како се запознавме, од каде се знаеме, за потоа да ни текне дека од Идивиди ни бил првиот контакт, па фб, па живо, па сме се измешале со пријатели и сл. Не ми е јасно како запусти тој форум? Зошто ги снема луѓето? Сега кога навраќам таму (еднаш годишно) ме пука некоја носталгија не е тоа тоа, исти се боите, ама не се тука луѓето - а тие го прават форумот жив, тие му даваат боја и шмек. Мило ми е што гледам дека има некои тука од Идивиди. Можеби треба еднаш да направиме ретро таму, во договорено време да се распишуваме таму по темите, да ги збуниме администраторите што висат таму како бувови
Само Valerija таму пишува, сега проверив... Уште сум модератор на Секс... како да беше пред 100 години...
Омилен форум е оксиморон. Кога ќе се сетам колку време имам потрошено тука, ми се темни, чуда можев да направам дури седев пред компјутер.