Пиши ме и мене во листата И јас знам чат пат да влезам таму од навика, ама не ко порано. Драг ми е тој форум, тој ми беше првенче...Имаше доста квалитетни ликови. Многу се запусти.
Nah, не фб групи. Форуми од овој тип, иако на кајгана нејќам да припарам а идивиди мислам мртов форум е.
Дечки што е работава што толку многу се хејта Кајгана ? Инаку јас многу долго време се двоумев меѓу Кајгана и Фемина и според вашиве реакции изгледа не згрешив овде што се зачленив.
Немам омилени, член сум на Фемина отварам од навика и најактивен сум тука, КарКлаб и Кајгана отварам само за прашања.
Кајгана е мрачната страна на редит за сиромашни. Само што на редит инселите сами си знаат дека се инсели, а на кајгана настапува македонскиот сељо синдром и се лажат сами себе дека се фраерчишта. Секако има по некој и што не припаѓа на овој профил, ама и на самите нив им е јасно дека се исклучоци. Инаку и јас сметам дека си направил добар избор, кајгана има 2005-та вајбс, за разлика фемина која има 2013-та вајбс. (За споредба, гламстик би бил женскиот еквивалент на кајгана. ) Што се однесува до омилени форуми, мислам дека форум како концепт полека изумира од интернетот. Моментално популарни се главно кратки формати, и во пишувана и во видео форма. Твитер и ТикТок ни се показател за тоа. Не велам дека тоа е подобро, немам ни твитер ни тикток акаунт, ама it is what it is.
Не бе , ако сакаш и тука или во ЛП пиши ми. Мене не ми беше јасно зошто толку има незадоволни од кајгана а секаде се рекламира дека е најпосетен форум.