Здраво девојки! Барав но ваква тема не забележав.Ако има слободно бришете ја Па...кое е вашето омилено животно? Јас обожавааамм зајачиња! Малецки, нежни, меки..СРЦКИ СЕ!
Сите ми се омилени неможам да издвојам ама највеќе ме влече накај маче. А и коњите ме оставаат без збор
Јас најмногу ги сакам мачината а исто така ги сакам и кучината и зајачината..овие слики се од моите миленичина што најмногу си ги сакам
Омилено животно? Скоро сите! На прво место- МАЧКИ!!!! После нив идат куче, зајак, хрчак, папагал... А од овие НЕДОМАШНИ тигааааарррррр, пантер...уствари сите од фамилијата на мачки, освен лавот После ги обожавам мунгосите, чинчила...Ај доста с е
Буквално сите животинки, иако мачките ми се некако најомилени. Главно вдомувам се што ќе најдам надвор на улица за некое време ама дур моите не ги исфрлат. Памтам еднаш и едно огромно куче со брат ми заедно го довлечкавме и му го фрливме у кревет на татко ми дур спиеше се разбуди у паника, а кучето зјапаше со тоа неговите огромни скитник доги ајс пуни тага, мислиш старец оставен сам без никого на светот татко ми не избрка сосе кучето на улица, нормално. Имавме и ласица брат ми ја фати и неа ја довлечкавме. Го гризна за рака па ја пушти а таа се стрча под седмоседот иди па фати ја мајка ми писка, татко ми пцуе ја трчам по ласицата „цуцо цуцо цуцо“ брат ми цмиздри еј аман. Имавме и еж, имавме и желка и жапчиња неколку имав прибрано, греота беше надвор сами да си крекаат, а моја крвна група ем . Мачки најмногу носев, бидејќи нај ги сакам од сите, веројатно. Во основно тоа беа посебни убави денови за мајка ми. Ќе соберев куп мачки вечерта пред да се приберам дома и ги пикав во онаа просторија, во зграда што е за жените што чистат, чекав моите да заспијат и сите со мене оп у кревет . Сабајле се будев со врисокот на мајка ми, секогаш истото беше . Дури и пред три лета им донесов мачка ја чувавме до скоро, сосе 3те и маченца нормално, мое масло да се задржат сите... со вечните ми дискусии за обезправеноста на животните и сличните ми патетични изјави за да ги нажалостам моите... увек успеваат. Сега немаме ништо, али не за долго веројатно .... нисам ти ја створена за сама
омилено животно се знае .. КУЧЕЕЕЕ по можност да е Питбул, Хаска, Боксер и Лабрадор ... најубави ми се
Најмногу сакам кучиња, но моите не ми даваат да си земам. Татко ми конкретно, не ми верува дека ќе се грижам за него. Имам чувано морско прасе, ама беше прасе во буквална смисла на зборот. Ми се чини дека само јадеше, јадеше и јадеше... пардон, исто така какаше и мочаше многу. Не можев да ја навасам со трева. Пилевината и` ја менував секој ден. Ама многу беше мила, цивкаше по мене, а кога ќе ја ставев до вратот се смируваше и ја галев. Штета што моравме да ја дадеме бидејќи на брат ми му излезе алергија. Не знам сега како е, но доколку е жива мора да е мнооогу поголема и да има и малечки прасенца. Како мала чував и три желки од кои 2 ги вратив во шума, а третата мистериозно ја снема од тераса. Памтам дека беше недела наутро кога исчезна Жики (сите три вака се викаа и ги шетав низ маало), па ни проштално писмо не ми оставила - се утепав од плачење. На три-четири години чував и гугутка два дена, ама плачев дека ми ја исклука тараната. Ја земавме на 2-3 дена бидејќи и` беше повредено ноџето, па ја пуштивме. Кучиња така на некој ден да преседат имам повеќе носено дома. Разделбата секогаш била тешка и со солзи. Сме чувале и рипки, ама јбг... сум ги прејала. Сега за сега нема милениче, многу ме повреди тато со тоа што ми рече дека на мене ако сакам само една бубамара би ми донел. А неостварена желба ми е да си чувам игуана.
Очигледно дека и бубамара би ти била премногу, дури и нацртана да ти ја донесе човекот, нешто ке и се случи хахахахха ме пресмеа со кутрите животинчиња
^ Абе ги пазев јас, далеку од тоа дека не се грижев, сакам многу животни. Ама со прасево не се погодувавме со термини, беше летен распуст, така што јас кога станував, таа си легнуваше и обратно. Инаку прашав сега, имала малецки. Патем, многу сакам и мајмунче, ама можам само да го сонувам. Еден мајмун во куќа веќе имаат. Спојлер Брат ми де, не сум јас.
и Зашто? Кога бев помала одев често на јавање.. сега.. а кучето.. имав едно исто црно вакво, голема загуба беше кога го удри кола.