Сите животни ги сакам многу (освен оние крволочните) Сепак, најмногу ги сакам кучињата, зошто се поверни и од најверниот пријател и зошто никогаш нема да те изневерат. Верни се, предани и дури сметам дека често се попаметни од луѓето
Токму така Sexybaby86 толку се верни и предани кучињата што никогаш не можат да не повредат ,па може и слободно да се каже дека се попаметни од луѓето бидејки знаат да ја ценат љубовта
Маче дефинитивно! Сакав и тигар ама откако прочитав на еден интернет портал дека три сибитски тигри изеле еден бенгалски ми се одмили.
дефинитивно кучињата ми се на 1 место, највеќе ги сакам, пола човек се за мене Cекој што има куче, го знае тоа. после тоа волци сакам многу, бидејќи се како кучиња,и преубави се, ама нив ги сакам од далеку, да се разбереме
Јас ги обожавам сите животни. Тешко ми е да издвојам едно, или да кажам дека сакам мачки повеќе од кучиња или обратно. Во глобала сакам се, освен змии, гуштери и крокодили. Од тоа ми се ежи кожата.
Јас си имам еден ваков мачор веке 12 години. Спие со мене, кога јадам седи до мене на стол и чека да му дадам да јаде, кога не сум дома ме чека испрузен кај мене во соба да дојдам. Кога бев помала тетка ми имаше ист мачор кој идеше со неа на пазар како куче, ја чекаше пред месара, идеше со неа до дуќан и еднашка го однесе на викендица зошто неколку дена немала да биде дома па да не биде сам. Кога стигнале само што го извадила од кола се исплашил од нешто и побегнал и неможела да го фати. По 9 месеци се врати дома и и мјаукаше на тераса пошто тетка ми живеесе на приземје во зграда да го пушти внатре. За интелигентни се и тоа многу. Мојот мачор зимоска во најладното сам си се буткаше под јорган да спие, ми мјаукаше и ми предеше да ми каже дека му е ладно да го пуштам под јорган и ке го пуштам ке го гушнам и спие. Еднаш сум била до касно излезена и нормално спијам до поручек ама пошо немало никој дома се исплашил зошто уште не се будам ми предеше од уво на уво најгласно што може да ме разбуди, почна гласно жално да мјаука, ми го истурка јорганот со шепи бидејки спијам покриена преку глава и ми ја битна главата под нос да види дали дишам и одкога ме разбуди и виде дека сум ок го погалив и си легна до мене. Знам звучи како научна фантастика ама немам потреба да лажам никој. Инаку мојот мачор е ист како тој на четрвтата слика како некој мојот мачор да го сликал
Само питомо мало кутре, би го чувала дома Многу сакам и зајчиња, многу се мили, но никогаш не би се нафатила да се моја обврска.
Ги сакааам сите животни. Ама најомилени ми се заја4ињата уште како мала секој вторник и петок одев на пазар со дедо само за да ги погалам (само тогаш ги носеа) ии ако некогаш ги немаше ќе застанев ии ќе по4нев да пла4ам ии 4оеко шо ги 4уваше ме тешеше дека си ошле дома ии друг ден ќе се вратат (незнам дали веќе ги има://)..