Моето најубаво бебе ми е најомиленото животно од сите животинки на планетава, само што е лошо што моето бебе за неколку месеци ќе има свои бебиња Еве сликичка како бебе, слатко и убаво, малечко со едвај 2 кила... А потоа и порасната со 55 кила...
Се’ што спаѓа во родот на диви мачки. Просто ги обожавам, ама иди чувај го дома. Некој ден ќе те среди во два потега Од животните кои реално може да се чуваат дома, обожавам хаска
Јас се сакам али најмногу посакувам делфинче, помило суштество нема. Потоа го сакам најграциозното суштество на планетава што постои - тигар! И сакам да имам едно дебелко гушкало таканаречено панда. И бело мече, слично на она моето дома, само ова многу поголемко ќе е Иначе има рипче, папагалче и најубавко кученце. Имав и маче, кое беше најдобро другарче на кучето, а би сакала пак да си земам некое Мојот Рики по 100ти пат да си го покажам
Поголем мачкољубец (уствари мачкољупка би му дошло ) од мене нема. Ги обожавам тие крзнени топки и ги сакам кога се дебели, чисти, со сјајно крзненце и светнати очиња. Имам една лепотица дома која во моментов мноооооогу ми недостига. Инаку, отсекогаш сум чувала мачки, дури и по неколку истовремено. Не паметам некогаш дома без мачка да сме биле. Имав еден ваков исти порано:Ама по четири години мистериозно го снема и не се врати
Па омилени немам, ама ги сакам скоро сите, освен влекачите и инсектите(од нив имам ненормален страв).Можеби најмногу сакам кучиња и мачиња како наши најблиски па папагалчиња, мечки, тигри, поготово додека се помали.
Обожавам мачиња, ама овој мојов дома не сака ни да чуе... и кучиња сакам, како мала секогаш имав и маче( и сега ми недостаува мојата Миа) и куче..ама сега нема. Морам да кажам дека мразам коњи, најмногу на свет, имав како мала несреќа со коњ ( и лузна си носам) ...затоа сега бегам од нив како од оган.
најмногу си го сакам моето папагалче ке го изедам ги сакам и малите кученца и пингвините имам едно дома брат ми и му викам пинги (малечко е и го зафркавам )