Zajaci mali, golemi bez razlika, duri ziveev vo MK najmnogu sum imala do 30 gi gledav od kef nekogas gi podaruvav nekogas gi prodavav. Premnogu mi nedostigaat kako mali i doma si gi gledav. Sekoe utro koga stanuvav prvo odev kaj niv da si gi izgalam izguskam da gi naranam... Od race mi jadeja i racete mi gi lizeja premnogu bev povrzana so niv mi nedostigaat premnoooogu... Tatko mi uste mi gi gleda imam uste 9 no mu e tesko da gi gleda go razbiram no ne sakam da gi dai na nekoj premnogu si gi sakam, do koga ke mozi da mi gi cuva neznam...
Тарантуливе малце се специфицни за одгледување бараат посебни услови а јас немам такви услови а и треба да бидат на потивко и помирно место. Најактивни се навечер. Специална храна како: скакулци лебарки а и терба да ти се рацете нонстоп чисти да нема никакви посебни миризби, како крем за раце дезодоранс парфем. Во собата каде се наоѓа пајакот не треба да се прска со средства да се користат освежувачи за простории и секакви хемикалии и да нема многу чад од цигари. Не треба да се вознемирува со други животни како мачки кучиња силни тропања викање гласна музика како и тропање на терариумот тоа ја вознемирува. Терариумот треба да е посебно опремен со една голема куќарка каде ќе се крие кога го јади пленот, престојува со текот на денот капак со мрежа за да не бега како и ув ламба за да се топлат. Зависи од каков вид на тарантула се работи има 2 врсти: едните се качуваат на дрва а други се повеќе на копно. Оваа тарантула е повеќе на копно односно на песок.Треба да има повеќе песок во терариумот за да можи да се вкопува внатре и да го лови пленот. За чистење на терариумот се чисти само надворешниот дел пред куќарката не смеете внатре да чепкате зошто таа си средува внатре како што сака и така можите да и го пореметите системот на живеење Кога ќе се налутат знаат да бидат малце поагресивни при што на задниот дел од телото имаат боцки кои кога се во опасност ги исфрлаат а тие боцки ако дојдат во контакт со очите настапува слепило. Иначе нивниот отров не е многу токсичен исто како да те каснало оса или пчела. Женките живеат по 25 години, а мажјаците 5 години. Староста се одредува во зависност од преслекувањата на кожата, женката има покрупно тело и помали нозе а мажјакот има потанко тело и подолги нозе.