Шалови,марами.........денес си купив нов...класиката во последно време ја негувам а и без ташна... неее,нема ташна нема илегување
Не сум многу по накитот, ама затоа обожавам марами, шалови и навистина не штедам пари на тоа. Модните додатоци можат навистина да го разубават изгледот. Па така, од обична маичка со помош на интересен каиш, марама, долго ланче или слично можете да направите да изгледате поинтересно
Часовник! Не знам дали е соодветно да го наречам аксесоар зашто за мене е многу повеќе од тоа.Едноставно,без него сум како без очи,како без компас...не сум оспособена и никогаш нема да се оспособам да функционирам без часовник.Уште од дете развив некој неприродно опсесивно зависен однос према чудово.Деновиве по игра на случај и непрашувајтекакви околности сум без часовник и неполна недела нема да носам,па ги одбројувам часовите до моментот кога ќе имам привилегија пак да носам на ѕидни часовници,мобилни и други алтернативни решенија за ориентација во време.Имам чувство како да ми фали дел од телото.Без мобилен можам ама без саат
Ах алергична сум на бижутерија и сребро особено менѓуши леле воопшто не можам да носам и криво ми е поради тоа.. Дефинитивно брошевите ми се фетиш и марамите, интересни ланчиња и прстени..
Омилен? А да почнев од неомилените? Не излегувам без каиш и обетки. Обетките ми се дефинитивно a must. А каишите ми ја надополнуваат билокоја комбинација, толку се навикнав на нив што без каиш ми е малтене ко без гаќи да сум излегла. Чантата се разбира е тука присутна секогаш. Алките, ланчињата и прстените не ги носам задолжително, но ако ми се видат интересни во некоја комбинација особено во летно време, ги носам - а скоро сите мои ланчиња па и алки се дрвени, пластични - гломазни. Така да во лето кога облеката е речиси оскудна, многу убаво ми ги разбиваат моите едноставни, еднобојни комбинации. И најмногу од се обожавам да носам марами или во зима секако секогаш сум со шал. Значи толку сакам да си го завиткам вратот во нешто, тоа е чудо, а во лето онака лежерно да испреврзам или префрлам некоја марама. Едноставно марамата ми е заштитен знак и мислам дека општо на облеката и додава посебен ненаметлив а сепак впечатлив шарм. Не знам дали онаа Франција имаше толкаво влијание ама секако увидов, дека марамата е најубавиот можеби аксесоар кој може да постои. И сакам да гледам луѓе со марами - за мажи да не правам муабет. А видам некој со марама ми рипкаат очињата И уште нешто што многу сакам да носам, ако воопшто тоа се смета за аксесоар, тоа се капчињата и шеширите. Не испуштам да си купам некое интересно и си ги носам, особено во зима кога студи. И за среќа ми стојат а и имам чуство кога ќе наметнам капче дека не се откривам толку пред светот а сепак сите ги демнеам од под стреичето на капчето. Забегано знам Епа тоа е белким се.
На прво место чанта- мразам да носам работи по џебови или во раце, обетки- најчесто некои малечки и неприметливи и понекогаш некоја белегзија или саатче
Чанта..сакам големи чанти,обпожавам....И ланче- ама големо,онака впечатливо за око( на пр.големи бисери)
Саат, некое парче накит(никогаш не претерувам), очила за сонце секогаш, освен ноќе и кога е толку облачно што нема шанси за некој сончев зрак, ташна секако. Понекогаш венче или трака за коса, марама и толку
Јас што се вика до вчера мразев аксесорис и не можев да поднесам да носам, зашто ми пречеше ама сега повеќе носам. Инаку обожавам ланчиња, ама онакви со долго синџирче и на нив некои интересни тракатанци, можам да речам дека тие од Аксесорис се по мој вкус, ама па премногу се скапи. Обетки носам едни златни во форма на мали неправилни кругчиња и немам навика да ги менувам зашто ме мрзи а и немам многу обетки. Носев порано обетки со клуче ама клучот ми влегуваше во уво и затоа престанав да носам такви. Исто сакам и интересни прстенчиња, ама за жал немам дома никакви, ќе треба да си купам. Сакам интересни марами, имам само една ама не сум навикната да носам, и затоа незнам баш да ги комбинирам. Алки не носам воопшто а и не ги сакам баш.
Марамите ми се на прво место...Ептен ретко да немам марама. Обетки носам едни златни (дедо ми ги купил за ќерката на најмалиот син т.е. за мене) што ги немам извадено 15/6 години xD (пошо бижутерија 20 пати во животов ако имам ставено)... Ланче носев со години едно од тие црните жилички кои беа испреплетени и растегливи (ако некој се сеќава) и на него мал крст кој ми го даде еден поп (за жал таа жила ми ја скина едно дете и ми остана само крстето). Сега скоро си купив едно како полжавче од тие „хенд мејд“ и не го ваѓам ни за капење, освен ако треба да идам некаде, за посвечени работи или нешто слично... Белегзии одавна не носам, само понекогаш. Прстени носев еден златен и еден бисерен но не ги носам неколку години поради што понекогаш бев бркана од пракса
Омилен нее е баш соодветен збор за мене ќе речите оти ,ами оти сум зависна од акц. да можам цело Accessorize ќе го кренам море и двете и то аво рамсторе и тоа и тоа и колку и да се на број , да не избегам од тема сепак мислам дека тоа се чантите и белегзии