Ташна обавезно,без неа се чувствувам празно а и плус толку многу работи неможам по џебови да ги напикам,потоа мали обетки скоро секогаш носам и наочари за сонце.Тие ми се 3 основни работи кои секогаш ги носам со себе.
Не можам да замислам излегување без обетки.Било да е вечерно или дневно излегување,обетките ми се важен и омилен аксесоар.Потоа алки и прстени,а многу ретко речиси никогаш не носам ланчиња.Тоа е така затоа што често носам долги обетки и со ланче ми е премногу,а не сакам пренатрупан изглед.Каиш и така и така,ама ги одбегнувам,не ми се омилени баш.
Обетки и брезлетни од монистра овие ги носам постојано, не ги ни вадам, а без обетки не излегувам од дома.
Марама, саат или алка. Ланчиња и обетки не носам многу често. Ташна не го сметам како додаток затоа што ми е потреба исто како што не излегувам без обувки на нозе така и без ташна.
Алки!!! ги обожавам!! секаков вид..освен ако не се розеви и плави.. и некои такви свели бои!! немам ништо против боите..ама сакам поише алки со темни бои!! или пак црвени имам милиони црни алки.. кои би можела да ги ствам сите наеднаш..но немам место на рацете!! ..исто така обожавам прстени..носам по неколку на една рака.. аа некад ако ги заборавам се нервирам .. ...аа ланчиња ..или ќе носам долги..или оние залепени за гуша!! аа некои со средна висина..не не!!
Не излегувам без да имам обетки. Тие ме надополнуваат! Премногу ги имам и уште сакам да ја донадополнувам мојата колекција...Исто така марама често ставам, но не секој ден. Просто ги обожавам...Капчиња разни ги имам и многу сакам да носам...иии мразам да носам прстенчиња и ланчиња кога излегувам, но носам на раката еден златен прстен и само тој .....Обожавам да носам колани и разни траки за на коса..без нив никаде не тргнувам
Наочари, не за друго диоптер имам па морам да носам и за сонце мислам дека имам милион. Во зимо без беретка не излегувам од дома имам 4-5 и секогаш ги менувам. Од накит секогаш имам еден прстен што ми е од баба ми и една сребрена алка од мајка ми, така да ова се е семејно наследство. А ланчиња носам 90% од времето.
Обожавам прстени поголеми, впечатливи и алки големи, обетки секакви, и големи и мали , а ланчиња многу ретко бидејки обично обетките ми се упадливи , па да не биде премногу...
Претпоставувам часовник. Не носам апсолутно секој ден, меѓутоа варира..Часовник или голем прстен. Часовниците не ми работат. Значи ниту еден од нив. Баш си се за украс на мене. А она без кое не излегувам од дома се hamsa алките. Меѓутоа тоа е така бидејќи не ги имам извадено оооод мај мислам.
Обожавам алки, ги носам постојано и ги имам секакви. Нормално, не ставам по многу наеднаш, невкусно ми изгледа. Си ги комбинирам. Обетките исто така ми се незаменливи, скоро секогаш ги носам за излегување. Не е исто без нив. И еден часовник, кој си го имам веќе подолго време и не го менувам.
Омилен аксесоар... Обожавател сум на прстени, обетки и белегзии, а најмногу на панделки. За во зима сега моментално не излегувам без вакви додатоци http://weheartit.com/entry/21350928 (освен наочарите)