Да почнам да набројувам имате време? Jaс повеќе трошам пари на акцесорис. Една комбинација совршена ја прави акцесорисот. Колку и да носи девојка убав фустан, фармерки блуза, чевли џабе ако нема добар акцесорис Ташни. Ах обожавам ташни. Имам дома над 20 големи за секој ден, средни, малецки кои реално не се практични ама се слатки. Без ташна не искачам! И сакам ташната и чевлите да ми се иста боја. Тоа ми е најбитно Часовници. Имам неколку поскапи Касио, Своч ама почнав да купивам обични и имам неколку си ги обожавам. Мора да ми одговара на комбинацијата, ако немам таква боја ставам метален часовник. Посебно поголемите саати ги сакам. Прстени. Посебно во последно време пак се навратив на прстениве. Имам 10тина големи и си ги обожавам. Посебно последниве 2 црн и бел со големи камења. И еден ден се надевам свршенички и бурма ќе носам. До тогаш златен прстен никако Марами. До лани немав марама ставено. А од тогаш имам над 20 пара купено. Ги обожавам. Едно време ги носев само на јакни и капути, ама најдов од мајка ми стари потенки па си ги носам и по цел ден сега. Алки Ги обожавам, имам многу во сите бои посебно во златна и сребрена боја, мислам бижутерија секако се, и црни и шарени, во сите форми. Ланчиња Имам 10тина си ги сакам сите, најчесто за излегување ги носам. Венчиња и траки имам неколку и сакам да ги носам. Практични се. Обетки Не сум фан. Вајда дека имам долга коса и не им обрнувам многу внимание. Секогаш носам обетки, ама не ми се омилен акцесорис. На излегување носам големи обетки, а за секој ден мали дискретни. И дома имам 1 кутија за алки голема, 1 кутија за ланчиња, друга за прстени мала, 1 кутија за часовници и 1 плетена за акцесорис за коса. Сакам акцесорис и ТОЧКА
lele rasonerka, me ostavi NO COMMENT sto sum devojce ako ne e tajna, kolku pari ti vo tekot na eden mesec trosis na sebe? nemoj da me svatis pogresno [mod-kirilica:1cb5leem][/mod-kirilica:1cb5leem]
Се согласувам со россонерка, ниеден изглед не е целосен без аксесоар/и. Кај мене на листата првото место го заземаат ташните и обетките! Ги имам најразлични од полуспортски до вечерни свечени. Бижутерија, камчиња, накит кој сама сум го направила или нешта најдени во кутиите на мајка ми се супер за уникатен изглед-мразам униформираност и никогаш не би носела нешто што можам да го видам кај 10 девојки во иста вечер. Ги сакам и марамите но секогаш ми изгледаат подобро кога ќе ги видам на некоја девојка отколку на мене...па ги носам на темни костуми или црн капут за да разбијам монотонија. Најмалку од се носам гердани...ми се допаѓаат но не сум некако спретна да ги искомбинирам со облеката . Злато и сребро носам, а вереничкиот прстен, бурмата и саатот ги вадам само за спиење и кога изигравам домаќинка по дома
Акцесорисот е потрајна работа, не е купено сето тоа за 1 година, имам акцесорис и 10тина години стар. Има некој 20 години од мајка ми старо е. Се си чувам јас. Имам среќа што мајка ми обожава часовници и ташни, па купува и она многу често, си менуваме А некој месец знам да штедам и да не купам ништо. А друг месец да истрошам СЕ што имам расположливи средства. Сеа имам голема желба да најдам некој да ме внесе во Дуки Дасо во Неготино и по цени за големопродажба да се изнакупувам акцесорис
Се согласувам со сите дека целосен изглед без аксесоари не бива ... Кај мене на прво место се алките , прстените и ланчињата ... Исто така имам доста марами и венчиња со машна ... Ги обожавам !
срце извини што ќе те разочарам ама во Дуки Дасо не може да влезе секој. Знам..се јавив..прашав Мораш да имашрегистрирано фирма на твое име за да купуваш на големо И јас сум фрик што се однесува до аксесоари исто ко тебе ги имам премногу и пак ми се малку
Знам де Затоа и пишав сакам некој што ќе ме внесе. Не е невозможно, ако се сака се се може. Имам пријатели со фирми, имам пријатели во Неготино и Кавадарци. Така да можеби еден ден ќе се изнафалам што сум си изнакупила Не сум се заангажирала, а и не сум при доволно средства, зашто таму нема да одам за 1 ташна. Ако одам ќе искупам акцесорис за 1 година
Јас од дома не излегувам без очила и марама или шал(во зима) ! Не можам да се замислам ! И чантите ги сакам, ама не во голема мера колку пред некоја година. И ланче некое понежно, ненападно...
Обетки. Без нив сум како без гаќи. Колекцијата ми достигна некаде над 200 пара, иако постојано си "киснам" во неколку омилени пара обетки. Не сакам каиши, ниту ташни. Марамите ми се бројат на една рака. Прстени и алки купувам, но ретко ги носам. Поима немам зошто, само ми се трупаат, за око ми се убави, кога ќе ги видам на друга девојка, ама на себе не ги претпочитам. Сакам бисери, но вистински, не фејк пластични и пазарски. Засега имам дури 3, па здравје се надевам ќе си купам повеќе во иднина. И филигран сакам. Се' што е од филигран - обетки, брошеви и прстени, сакам да ги имам што е можно во поголем број. Филигранот е чиста уметност.
Ах ах се обожавам - ташни, ланчиња, алки, марами, а најмногу од се имам обетки, ги имам за секоја пригода без аксесоар се чувствувам како да не сум потполно облечена