Јас се си сакам..обетки,ѓердани,алки, капи,марами и што ти не Дома имам материјал за бижутерија да се отвори често знам и да си направам накит ама сега со факултет натака навака и немам баш време, а многу сакам Обожавам обетки и тоа што е можно подолги, ако ми верувате немам пар од оние кратки само топче што се Единствено што не ми се допаѓа се филиграни, незнам зашто ама ми делуваат старо,поминато а јас си сакам нешто необично,модерни ствари
Марами, марами, марами! Иако не ставам а ги имам многу, се плашам да не направам некоја утка и да се појавам ко марсовец у школо. Многу сакам обетки, а не ги менувам често. Ме мрзи да ги ставам за во школо а и имам мали увциња па скоро сите ми тежат. -.- Исто сакам интересни ланчиња и алки.
дефинитивно фетиш ми се марами и обетки. а без обетки не излагам од дома, какви и да се морам да ги имам на мене и никогаш не ми е доста од ниввв али најголемо задоволство ми е кога ќе се вратам од битпазар со 10 пара нови обетки уффф )
Обожавам огромни прстени за кои морам да се пожалам дека не се многу застапен дел од мојот аксесоар. Сакам нешто впечатливо, ама не нападно. Обожавам големи чанти кои ги имам многу и малечки обетчиња, а во последно време дел од мојот аксесоар сакам да биде дел едно вакво ланче на Swarovski
Марами и брошеви, со оглед дека сум алергична на бижутерија ама марами и брошеви ми се пасија и ги имам во голем број.
Па зависи.. зимно време без шалче-марама никако.. Летно време не носам мн аксесоари.. освен дооолги ланчиња Најчесто носам шноли со машничка и менгуши !
Во последно време често носам дрвени алки, во оние бои кои ми одговараат со облеката и секогаш си носам мала црна чантичка.
Прстенот не го вадам од рака Марами ( во различни бои и стилови ) Чанта - задолжително Впечатлив накит Поретко очила за сонце ...
Омилен аксесоар ми е ланчето едноставно не можам без ланче без разлика дали е кратко или долго.Обожувам и машнички и очила за сонце
Рачниот часовник. Секаде го носам едноставно го обожавам И обетки имам неколку пара поомилени, не ги носам често ама многу ги сакам. И една ташна која што буквално е пред распаѓање, ја изнаносев душата и ја извадив, а не можам да ја фрлам додека не најдам ИСТА таква нова!!!