Anthony Hopkins - човеков ми е едноставно неверојатен. Толку е природен во секој филм, што едноставно се убедуваш дека фиктивниот лик навистина постои и дека тоа е Ентони. Jim Carrey - Секогаш сум окезена кога гледам негови филмови. Фацката и форите му се врв. Неверојатно добро знае да склопи генијалец и будала во едно и со истото да те насмее. Одлично се снајде и во посериозна улога во филмот "The number 23" и за тоа му симнувам капа. Од женскиве немам баш некои омилени. Единствено Моника Белучи можам да ја издвојам поради убавината и отменоста, Натали Портман ми е мила и мистериозна и Џоди Фостер ми има оставено добар впечаток. Џоли, Фокс и Алба ми се онака на изглед убави но без огромен впечаток, освен Џоли во некои дрско-опасни сцени.
Добро бе луѓе! Сте гледале еден филм ,,Три метри над небото,, и актерот ви бил на гз да паднеш и сеа тој ми е омилен актер! Боже, што ви е? Омилена актерка: Кate Hudson(досадна сум више) Catherine Heigl Penelope Cruz Омилен актер: Jim Carrey Gerard Butler Brad Pitt
Од така малку постари глумци омилени ми се Леонардо Ди Каприо И Џони Деп нормално А од помлади Ashton Kutcher И Рајан Гослинг A од глумици само една Rachel McAddams Незаменлива ми е!!! well that's all folks
Омилени актери дефинитивно ми се Ал Пачино, Ентони Хопкинс и Роберт де Ниро- секогаш останувам воодушевена после филмовите во кои тие глумат. Исто така го сакам и Леонардо Ди каприо- уште од времето на Дневникот на еден кошаркар, па преку Титатик, Фати ме ако можеш и ред други филмови- секогаш успева да се трансформира. Од актерките ја обожавам Мерил Стрип- кога видам дека некој филм е со неа, веднаш имам чувство дека филмот ќе биде добар. Истото ми се случува и со Сузан Сарандон и Џилиен Мур. Ги сакам и филмовите со Џулија Робертс- исто прекрасна актерка.