Омилен актер - ги имам неколку и навистина неможам да издвојам само еден. Anthony Hopkins (фасцинира и бриљира во секоја улога.), Colin Firth (буквално сечам вени за човеков, прекрасен е, посебно во Дневникот на Бриџит Џонс 1 и 2, како и во Девојката со бисерна обетка, уффф! ) и Benedict Cumberbatch (ми беше страшно одбивен на почеток, но по одгледувањето на само една епизода Шерлок, мислењето ми се смени за 180 степени. Прекрасен харизматичен актер.). Омилена актерка - Helen Miren и Meryl Streep - инзвонредни актерки, кои стареат исто како и виното, подобри се како што одминуваат годините.
Еден ми е Џони Деп, кога ќе се речи актер и прв он ми паѓа во главата. Имам и другите кои сериозно глумат убаво и кои стварно ги сакам и почитувам ама Џони Деп ми е еден и единствен, онака незаменлив.
Amanda Seyfied Angelina Jolie Leonardo DiCaprio Има и многу добри други актери и актерки ама кога ги гледам овие уживам во секоја смисла на зборот
Keira Knightley За неа има поделени мислења. Или не можеш да ја поднесеш или обожаваш да ја гледаш на филмското платно. Јас сум од вториве. Anne Hathaway Angelina Jolie Колку и да е клише и колку сите да ја спомнуваме тука, за мене стварно е најдобра. Brad Pitt Листава не поминува без него. Michael Douglas Не се палам на стари , само сакам да гледам филмови со него.
Моите омилени ќе ги издвојам според харизмата, изборот на улогите и енергијата која ја пренасаат преку екраните со која зрачат, така што најблаго речено ги засенуваат другите актери. Julianne Moore Генерално за поголемиот дел од нејзините филмови имам позитивни впечатоци, но посебно ме воодушеви во улогата во Still Alise во која игра успешна мајка и професорка на Универзитет која заболува од Алцхајмер Едноставно е убедлива дека го проживува истото она што нејзиниот лик, во ниту една сцена не се забележува трошка извештаченост или лажност. Cate Blanchett е камелеон во филмовите, нешто како Гери Олдман само женска варијанта. Може да изглуми буквално се, го глумеше Боб Дилан во една негова животна фаза и дали се сомневавте дека не е тој? Јас воопшто не и одлична во ред други улоги кои само го потврдуваат нејзиниот талент за глума. Blue Jasmine во режија на Woody Alen ми е еден од омилените нејзини филмови. Keira Kneightly ми се допаѓа пред се што бира улоги на девојки, жени, кои на некој начин се чекор пред времето или не се вклопуваат во епохата во која живеат ( The Duchess, Pride and Prejudice, Ana Karenina) или улоги во филмови во кои секогаш има нешто интересно и паметно да каже, посебно Во друштво во кое е спонтана, едноставна и скоро со секој машки лик се има убаво поврзано, ретко каде да нема хемија меѓу неа и главниот машки лик (Last Night, Begin Again, The Imitation game) и секако улогата во која дојде до израз нејзиниот талент A dangerous Method во кој е потполно откачена, луда една. Chaning Tatum не само што е згоден и талентиран затанцување, тој е еден одмашките глумци кои на екранот немаат его, така да се изразам, не држат гард, никогаш не делува дрвено, си ја покажува својата ранливост и затоа му лежат многу добро улогите во романтични филмови. Gary Oldman од времето го сакам како глумец, опасен е кога го гледаш во улоги на негативци, знае да те изненади и да те престраши буквално. Тој момент на изненадување ми се допаѓа.
Би ги одвоила следните актери: Ethan Hawke Уште од времето кога го изгледав Before Sunrise, ми остави силен впечаток. Неверојатна глума и харизма. Особено ми се допадна во Boyhood, Tape, Gattaca и Dead Poets Society. Johnny Depp Легенда е Џони. Умешноста да одигра толку разновидни/комплексни/откачени ликови му е на завидно ниво. Edward Norton Колку перфектни улоги има(л) Нортон. Почнувајќи од Fight Club, 25th Hour, American History X... и еве последно во Birdman. Страшно добар глумец. Christian Bale Ме восхитува со неговата огромна посветеност кон улогите и неверојатните трансформации. Секоја чест!
Немам најомилени, ама некои така подраги што ми се: Sandra Bullock, Matthew Mcconaughey, Rachel McAdams, Julianne Moore, Robert Downey, Jr., Johnny Depp.