Ако има некој кој личи на Mickey Rourke во 80тите, слободно нека ме контактира По можност и вака да ме гледа, како во 9 1/2 недели . Не, настрана од тоа што во денешно време човекот многу лошо изгледа поради големиот број на направени пластични операции заради боксерската кариера што ја имал, веќе некое време ги гледам филмовите што ги снимил низ годините, да одберел друг правец, ќе беше и сега hottie како што е овде. Многу талентиран, способен да се трансформира низ филмовите, од гангстер, до нимфоман/романтичар до негативец...ќе ми трае љубовта некое време, сепак копнеам по нешто што го нема повеќе
Emma Watson,Lali Esposito,Jake Gyllenhaal,Logan Lerman,Dylan O'Brien,Josh Hutcherson,Holland Reden (буквално со овие актерки и актери сите филмови ги имам изгледано и серии )
Имам многу , ама сума сумарум за овие се одлучив Salma Hayek и Scarlett Johannson Заради обликот на телото , кој ни е заеднички на трите . Имам и слична боја на гласот како Scarlett. Поради тоа, ги имам изгледано сите можни филмови , реклами и се што постои од нив. За оние кои не знаат , Scarlett проба да оствари и некоја музичка кариера... но не верувам дека ќе бидете воодушевени од тоа. Како и да е, јас ги обожавам и неа и Salma со своето мексиканско потекло , од кое имам внесено и некои модни детали. Цветови за во коса, и фустани со ацтечки и етно мексикански принтови. Етнологија у Ете така Dominic Boghart Заради топлиот поглед, и препознатлив лик за мене. Ме потсетува на една посебна личност .... Штета што не е многу популарен ..... Vanessa Paradis Заради мојот долгогодишен омилен филм Cafe de flore, како и заради сличните погледи што ги имаме околу различни полиња. Како муза на Woody Alen, и французинка со најубав глас , и го следам чекорот. Има и нејзини песни, кои ги обожавам и често ги преслушувам . Cameron Diaz Naomi Watts Заради мирот кој ни е заеднички како и начинот преку кој допираме до истото. Личности кои практикуваат медитација. Камерон (како мала ја викав Камерун ) ја обожавам и заради палавоста и детето во неа , а Наоми поради омилениот филм со неа The Painted Veil.
Mark Wahlberg Christian Bale Кога некој би ме прашал кој ти е поомилен пак би рекол и двајцата израснав гледајќи ги нивните филмови и ден денес ги гледам
Ryan Gosling ми е моментално најубавото суштество на планетава. Но само два филма со него имам изгледано. Добив симпатии кон него во The Notebook, па потоа некои филмови со него барав, го изгледав оној Blue Valentine, ич не ми се бендиса. Jennifer Lawrence исто така ми се допаѓа како актерка. Emma Stone и Emma Watson исто така.
Бред Пит и Леонардо ДиКаприо ми се актери кои внимателно одбираат што ќе глумат и затоа можам да кажам дека немаат промашен филм. Џони Деп ми беше меѓу поомилените ама почна на големо да ја фаќа удолницата.
Ах вие судите само по изглед, актерските способности не се рачунаат Машки - Роберт Карлајл Цар, крал, император, шкотскиот актер се прослави (релативно) со Треинспотинг а оттогаш играше во еден куп одлични филмови, ненормално добар актер кој го играше и Хитлер, секакви локални губитници како во Пепелот на Ангела, рандом добричина или крајно зол социопат, нема промашај за Бегби Знае да предизвика нелагодност кај гледачот со психо изразите но знае да предизвика и емпатија како човек на кој животот му поделил срање карти Тука некаде ми е и Џереми Ајронс но тој не игра ликови од дното така што дијапазонот на улоги му е поскромен од оној на Карлајл. Женски - неповторливата Џенифер Конели Eдна и единствена, веројатно најдобра глумица на сите времиња за разлика од Мерил Стрип тука имаме спој на генијална глума и физичка појава, глас и стас, Реквием за еден сон, Прекрасниот ум и Крвавите дијаманти се само најпопуларни улоги, Куќата од песок и магла е веројатно нејзината најдобра улога иако тој филм не бил толку експониран. Има играно секакви улоги. Харизма, имиџ, елеганција, специфичен сексапил и нестварен талент.