И мене ми е Rachel Mcadams прва на списокот, а од маживе Colin Farrell па Edward Norton Фарел не го сакав баш баш, но откако го гледав In Bruges се заљубив. Би го надополнила и Ди Каприо кај маживе бидејќи ми е гаранција за добар филм, и на Џек Николсон му симнувам капа за усовршување на занаетот. Кај жениве би ја убацила и Кристина Ричи заради трудот и малава од Џуно, многу перспективно ми делува...
Силвестер Сталоне ( човеков го обожавам, а посебно се заљубив откако го изгледав Роки Балбоа. ) , Арнолд Шварценегер во постарите филмови, Стив Мартин или како се викаше тој смешниот хах , Џим Кери, јаоо топ е човечето хаха , женски, паа шо ги знам, Џенифер Анистон и Линдзи Лохан во оние старите тинејџерски филмови, сеа тапа е, се упропасти со дрогата. :/
И оваа си ја имам заборавено, една од поомилените ми е. Me потсеќа на мене кога се смее. Уште да не беше плава
Брус Вилис ми е омилен,и многу ми е секси и шармантен ..Актерки немам некои којзнае колку омилени,може Мерил Стрип,Рис Витерспун исто така,но ништо посебно.
Возрасни: Анџелина Џоли Бред Пит Кетрин Зета Џонс Сандра Булок и др. Тин Мајли Сајрус Лусиана Лопилато Еугениа Суарез Џастин
актерки: Камерон Дијаз - можеби за многумина е смотана, или неталентирана, ама јас кога ќе ја видам во филм одма се просветлувам. Едноставно ми зрачи! И глуми! Ен Хетавеј - ја сакам уште од времето кога глумеше во Дневникот на принцезата. И не само што глуми прекрасно, туку има некој специфична убавина. И понатаму од жените: Џенифер Анистон, Мишел Фајфер, Кејт Хадсон и Пенелопе Круз. актери: Бред Пит - љубов од младоста, и до ден денес го сакам и како јако парче и како одличен актер. Хју Грант - поголем шармер на филмското платно не постои. Леонардо ди Каприо - исто љубив од младоста, страшен глумец, треба едено оскарче да земе! Ештон Качер- едноставно си го сакам.
На моменти добив впечаток дека темава е за најсекси актер ...Како и да е,не би рекла дека имам најомилен актер/ка, има повеќе кои ме воодушевуваат со начинот на кој си ја работат работата,еве за оваа прилика ќе издвојам двајца. Juliette Lewis-фантастична актерка,енергична,бунтовна,улогите ги впива со секоја клетка.Алал да и е! Anthony Hopkins-сер Ентони,треба ли нешто да се додава,еден и единствен МАЈСТОР!!!
Од актери без сомневање Џони Деп, просто го обожавам, постар но има шарм, и многу добро знае да глуми. Исто така и Simon Baker,баш имам приметено секаде каде што глуми се смее,ама онаа насмевка што те тера да го запамтиш кој е. Незнам како да опишам. Гледајте ги Ѓаволот носи Прада, Нешто ново, Тhe mentalist (ова е серија) и ќе сфатите зашто. А глумици Мерил Стрип како постара, Anne hathaway, Rachel MC Adams Еве го моето срценце
Јас го обожавам Шон Пен..многу ми е специфичен и посебен. Џош Хартнет ми е бонбонче за гледање исто така. А ги поштувам и Ен Хатавеј, Мерил Стрип и Антони Хопкинс
Мој омилен глумец е Чендлер дефинитивно и многу го обожавам затоа што има посебен body language и е многу чувствителен хумористчен ...Ги имам гледано и неговите играни филмови може да се вклопи во било каква улога...Иначе сите пријатели се посебни на свој начин ама Метју Пери е посебен...