Мене лично многу ми се допаѓа Виена, чист град со многу природни и антропогени вредности, сум имала можност да го посетам три пати и повторно би отишла.
Кога би бирала помеѓу Виена и Париз пак би отишла во Виена? Која храна најмногу ти се допадна? Која знаменитост вреди да се види со голо око? Скап ли е смештајот?
Дефинитивно Барселона. Град кој што ми е во душата, град каде што би сакала да живеам. Ла рамбла, ла Бокерија, Барселонета...
Фиренца.Тоа беше љубов на прв поглед.Значи а стапнав во Фиренца,се заљубив во Фиренца.Најинтересно таму си поминав...Фиренцо чекај ме,некој ден пак да ме прегрнеш!Ќе се видиме
Кога ќе имам прилика да го посетам Париз, ќе кажам каде е поубаво, во однос на храната, виенската шницла, имаат убава захер торта, исто така и виното ми остави позитивен впечаток, додека од аспект на знаменитостите, па ги има многу, да ги издвојам...дворците Шенбрун и Хофбург, палатата Белведере, катедралата на „Св. Стефан“, забавниот парк „Пратер, јас не престојував туристички во Виена, другарка живее таму 25 години веќе, град како град не е баш евтин, тргнувајќи од самата помисла дека едно кафе гранд како кај нас што е чини 5€ ....
Прага и Тбилиси. Се надевам ќе имам шанса пак да ги посетам. Прага највеќе ми се допадна поради убавата архитектура и чистотата, не ми се допадна тоа што има премногу туристи па неможе човек да оцени какви се чесите додека во Тбилиси е спротивно, убави гостопримливи луѓе, убава архитектура, чист град.
Севиља Историјата прикажана преку стилот на градбите. Како да си во некоја историска приказна. Многу ми се допадна. Би отишла пак доколку би имала шанса.