Травис - Одлука на Н. Спаркс Златоустиот - Нарцис и Златоуст од Х. Хесе Бенџамин - Вештица на В. Андоновски
Поаро од книгите на Агата Кристи, Папата Јована од истоимената книга, Кери Бредшо од Сексот и Градот, Џени од Лав Стори и Дамблдор од Хари Потер.
Малиот Принц го обожавам. Потоа Марија, од 11 Минути, Вероника од Вероника реши да умре и Девојката од Мемоарите на една Гејша.. Силни карактери кои ме воодушевуваат
Ја сакам Јована од Вештица, Кејт Ејмс од Источно од рајот, а најмногу се пронаоѓам во ликот на Коко од Шангај, бејби.
- Раскољников - Злосторство и казна (Затоа што ме созреа и направи свесна за психичката казна - Онаа од која се плашам најмногу). - Јаго - Отело (Никогаш не ги разбрав неговите мотиви) - Хумберт - Лолита (Колку и да е болен и луд, страшно интелегентен човек).
Пипи долгиот чорап и Хермиона од Хари Потер Пипи ми беше многу интересна и занимлива поради нејзината темпераментност и авантуристички дух. Игрите и беа секојдневна занимација и едноставно живееше во свет без грижи и проблеми. Хермиона. Паметна, убава, итра, пријателски настроена, авантуристка, храбра, оптимистка.
Кнезот Мишкин од Идиот (ако треба еден да одберам - тој е). Старецот Зосима, Аљоша, Иван и Дмитриј од Браќа Карамазови (не можам да одберам). Наташа од Понижени и Навредени. Каинене и Олана од Половина жолто сонце. Мартин Идн. Онисифорите од Тврдоглави. Мачорот Мишима од Љубов со мали букви Џонатан Ливингстон. Бегемот од Мајсторот и Маргарита. Сите ликови од Се викам црвено, освен Шеќуре. Ахмед Нурудин од Дервишот и смртта. Магарето и коњот од животинска фарма. Маргерит од Дамата со камелии. лелеее многу имам, ако се сетам на други ќе пишам пак
Ив од Голи во смртта - Нора Робертс Елизабет од Крвна врска - Синди Шелдон Дајана и Кели од Се плашиш ли од темнина - Сидни Шелдон
Лизбет Саландер, Микаил - ''Девојката со тетоважа на змеј'' Беатрис, Хулијан Караш, Даниел и Фермин - ''Сенка на ветрот'' Ли, Адријана и Еми - ''Џаво воли дијаманте'' Питер Клер - ''Музика и тишина'' Амир и Хасан - ''Ловац на змајеве'' Маријам и Лејла - ''Хиљаду чудесних сунаца'' Маријана Енгел - ''Посљедни Анџео'' Хедер Хамилтон - ''Внимавај што посакуваш'' И многу, многу други ..
Дефинитивно Велика од Пиреј Која сила може да се собере во една навидум кревка и нежна жена Второ место ми е Константин Левин (Ана Каренина) - уникатен лик со сопствена визија, не потпаѓа на ниеден од стереотипите и калапите на руското тогашно општество. Упорен е во следење на својот сон и на крај успева во тоа. Конечно, прекрасен сопруг, секоја жена би сакала мажот да се однесува со неа со толкава нежност и внимание како Левин што се однесува кон Кити. Совршено ја разбира женската повремена неодлучност и знае дека не секогаш, кога жена ќе каже “не“, ќе го мисли засекогаш. Благороден е, остава простор Кити да сфати каков маж има покрај неа и не и се одмаздува, туку ја прифаќа со широко отворени раце