1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилен лик од книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 31 јануари 2010.

  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Споменка-Горјан Петревски
    Ја читав од поодамна ама некако во мислите ми остана Споменка девојчето со плави очи... :inlove: :angel:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Чувствувам дека ќе ми стане Лизи од „Гордост и предрасуда“. Се пронаоѓам во ликов. Револуционер на своето време!
     
  3. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Миа од книгата ,,Дневникот на принцезата“. :inlove:
     
  4. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Зоја од истоимената книга на Даниела Стил, јака личност која и покрај тоа што ќе ги изгуби сите сакани и се што ќе има продолжува со животот и успева да стане влијателна особа.
     
  5. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Кетрин, Хитклиф и Нели Дин од Оркански височини,Раскољников и Соња од Злосторство и казна...не ми текнуваат други.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    пошо не можам да редактирам ке напишам ново мислење...сеа ми текна на уште 2 омилени ликови-франческа и роберт кинкејд од мостовите на округот каунти
     
  7. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Х а м л е т оф корс :) жртва на сопствената мајка и чичко, живот преплавен со лаги, неправди,очајување,темнина.........
     
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Први што ми паѓаат на памет се Жан Валжан и Фантина. И Дарси. Има многу и ќе се надополнам во друга прилика, но овие ми се нај нај.
     
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Женско: Роза Фјоре - Кујна
    Машко: Левин - Ана Каренина
     
    На Trendafilka и senjorita-v им се допаѓа ова.
  10. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Џејн Ејр од истоимената книга на Шарлот Бронте ми беше омилен лик во тинејџерските денови. Денес не знам кој лик би можела да го издвојам. Можам да кажам дека сеуште ме инспирира Џејн Ејр, и покрај денешното динамично време и губење на моралните вредности кај човекот. Џејн Ејр е фосил од една посебно морална, интелектуална жена со префинет вкус, достојна за восхит. Природна, без никаква извештаченост, вљубена жена со која преовладуваат чувствата но и разумот. Слаткоречив е нејзиниот стил на изразување, жена која фантазира, која е облеана со копнеж, вера и љубов кон се што ја опкружува. Жена која без страв ги прифаќа сите ситуации кои животот ги носи и тоа на еден достоинствен, хуман начин. Дефинитивно лик кој би сакала да биде оживеан во моја најдобра другарка, сестра или ќерка.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Felix Krull-носечкиот лик од последниот и недовршен роман на Томас Ман „Прибелешките на измамникот Феликс Крул“. Неверојатно (барем за мене :D ) харизматичен лик. Просто мораш да го сакаш и да се вљубиш во него, неговиот начин на живот и тоа колку ужива во животот и неговите благодети. Без оглед на „професијата“. :D Никако не успеав да го доживеам како негативен лик. Премногу вешт измамник, добива буквално се' што ќе посака во животот, по секоја цена. Средствата воопшто не се битни за него, и секогаш ја оправдуваат целта. Хедонизмот, боемскиот живот и измамништвото ги доведува до степен на перфекција, просто ги претвора во уметност. А сето тоа е секако, на најсликовит можен начин прикажано и доловено од страна на овој Нобеловец.
     
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Камрин Матика дефинитивно од книгата Ќерката на мојата најдобра пријателка :)
    И се восхитувам на девојката која и покрај се ќе го земе детето на нејзината најдобра пријателка која ја изневери да го чува по нејзината смрт како да е нејзино.Ни малку нема да и биде лесен животот на почетокот со дете но со тек на времето ќе се навикне .
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Пипи долгиот чорап, Хаклбери Фин и Том Соер од детските книги- бидејќи секогаш беа разиграни, весели и секогаш имаа нови авантури. Кога бев помала многу сакав да бидам на нивно место, ептен се соживував, и затоа тие ми имаат оставено најсилен впечаток.

    Вилхелм Мајстер од Годините на учењето на Вилхелм Мајстер од Гете- бидејќи е нежен, не знае што да прави со животот, анализира околу него, а особено се поистоветив со него при едно тешко раскинување, баш тогаш бев на почеток со книгава и тој се соочува со изгубена љубов.
    Кога сум кај Гете, и Мефистофел од Фауст - си имам јас афинитети кон злото, обожавам како успева на итар начин да си поигрува со Фауст.

    Хамлет-затоа што е Хамлет, еден и единствен :) Го обожавам, како успеа генијално да си ја постигне целта, иако трагично заврши на крајот.

    Луцифер од Изгубениот Рај од Милтон- и не сум единствена. Милтон ко да го фаворизира него во книгава, иако се опишува борбата на доброто против злото, не може а да не го сакаш Луцифер.
     
  14. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Папата Јована-Јована :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Хм..Анџела од ,,Го сакам Њујорк,,.
    Прилично интересен лик :emo:
     
  16. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Морам да се цитирам :!: Секако го заборавив Дон Вито Корлеоне!
     
  17. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    па Хари Потер дефинитивно !!
    го сакам едноставно затоа што е многу убаво претставен во сите делови, ми се допаѓа храброста и искреноста како што е опишан.. и уште 10 пати да ги прочитам деловите мислам дека ќе ми биде како првиот пат.. навистина се соживувам во овој лик и додека читам, се чувствувам како јас да сум Хари :]
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Мерсо од Странецот. Многу ми се допаѓа таа негова бесчувствителност, ладнокрвност.
    Велика од Пиреј.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Рафаел-Шагринска Кожа
    Холи-П.С Те Сакам