Омилен писател или автор, сеедно, темата е јасна, а не ја видов досега, се надевам не сум погрешила. Како најомилени би си ги издвоила Габриел Г. Маркез (100 години самотија, Сеќавање на моите тажни проститутки...) и Фредерик Бегбеде (Љубовта трае 3 години, 399). Од женските автори Ерика Јонг (Страв од летање, Во постела со демонот) и Лаура Ескивел (Како вода за чоколадо, Малинче). Од домашните автори покрај Венко Андоновски, пријатно сум изненадена од Жарко Кујунџиски :y: КОИ СЕ ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ СТРАНСКИ И ДОМАШНИ АВТОРИ ?
Многу сакам да читам, и порано повеќе имав време, сега поретко, но се трудам да најдам време да прочитам неколку страници во текот на денот, ако не во денот, тогаш барем во неделата... нешто посебно омилени автори немам... ама ќе издвојам неколку имиња чии дела радо ги читам - Габриел Гарсија Маркес, Умберто Еко, Карлос Руиз Зафон, Александар Дима таткото, Франсоаз Саган, Леон Урис, А.Џ. Кронин, Алберто Моравија, Фјодор Достоевски, Лав Толстој... А од нашите.... па некако повеќе ми лежат делата на автори од постарата генерација, додуша немам нешто читано од помладите автори, ама сакам да го читам Божин Павловски, Методија Фотев, Живко Чинго.
Абе некој така омилен автор да издвојам немам. Еве од странските можда Шелдон и Агата Кристи, заради замрсената тематика на нивните дела која ептен ми се допаѓа и не можам да ја оставам книгата. Од македонските би го издвоила Горјан Петревски. Одамна немам негова книга прочитано, ама сите тие Марта, Исти очи, Снеговите на Климентина Евин... многу ми се допаднаа.
Од странските Роберт Ладлам, Сидни Шелдон, Агата Кристи и има многу други, ама некако не ми текнува во моментов. А од домашните немам некој посебно, мада еве Сашо Тасевски со двете дела ми остави впечаток, а и морам да се сложам со Хипица за Горјан Петрески. Поготово мислам дека многу девојчиња се пронаоѓаат во Снеговите на Климентина Евин
Омилени...немам баш, ама еве мислам дека Толстој ми е прв на список, повеќето негови книги сум ги прочитала, добро знаел за што пишува и како да ги смести ликовите без да дојде до забуна кој е кој.(што најчесто ми се случува кај Маркез, иако и него го почитувам). Од поновите Пенелопи Лајвли. Добри книги, кои сакаат да ги прочиташ во еден здив. Иам и други, не бирам кој жанр се, битно ми е да се возбудливи и интересни. А од македонските, паааа...сите се мајстори на своето време, јас не сакам многу многу поезија ама Петре М. Андреески и неговата Дениција ми е незаменлив. Горјан Петрески е супер, во сите негови книги има по еден лик во кој би се пронашле. Посебно кога бев седмо-осмо одделение, Марта и Исти очи беа наслада за пубертетлии.
Од странските морам неможам да ја поминам Перл Бак...сите нејзини дела ми се препрекрасни....полесни книгички, но толку добро напишани чудо едно....исто Драјзер...се од него.....Роберт Ладлам, Мајкл Конели од овие поскорешниве, така да ги кажам а од домашните без конкуренција ми е Владо Малески...значи на човекот можат да му се поклонат и многу странски писатели...посебно РАЗБОЈ е дело за ,,сва времена,, ...
:y: Мене Трите ќерки на Госпоѓа Лијанг од Перл Бак ми ја тутна една тетка во библиотеката во трето одделение. Јас и реков сакам да читам нешто убаво и веројатно поради гужвата побрзо да ме откачи, ми ја даде, јас детенце - кога ја видов толкава огромна, ќе се онесвестев! Ама се заинатив, и читав и читав, дури и рокот и го продолжив! Ја прочитав пак пред некој месец и е преубава. Сфаќам дека тетката со право ми ја дала.
Од нашите писатели во основно ги обожавав делата на Горјан Петревски а од странските до ден денес ми се незаменливи Достоевски, Балзак , Агата Кристи ...
Уф, да Перл Бак како можев да заборавам. Добра земја ми е најпрекрасното дело, а сакав сега на саемот од Ѓурѓа Мајка да ја купам, ама ја немаше.
Јас пак од домашен немам некој омилен... Ама еве нека биде Петре М. Андреевски заради „Пиреј“. Од странски Сидни Шелдон и Ден Браун, моментално ја читам „ Загубениот симбол“ (од Браун) и не ме остава на мира.Кога ја читам не можам да ја оставам, а кога ја оставам мислам што би можело да се случи понатаму.
Omilen pisatel od stranskite mi e definitivno Paulo Koeljo,potoa Den Braun ,Justejn G. zaradi decojkata so portokali ,a od domasnite Gorjan Petreski - the best )
Од македонските ги сакам Горјан Петревски,Венко Андоновски,Живко Чинго.. Од странските Достоевски,Балзак,Џек Керуак,Ален Гинзберг,Кундера,Агата Кристи,Хенри Милер.Херман Хесе....ги има многу што ми се допагаат Одамна сакам да земам нешто од Маркез и Буковски,немам прочитано ништо,ама никако да ми дојде при рака нешто од нив
Пауло Коелјо, Артур Голден, Херман Хесе, Стефани Мајер- од странска литература. Петре М.Андреевски и Горјан Петревски - од нашите.
Од македонскиве, може да се каже Горјан П. Од странските имам безброј омилени писатели, писателки но би ги издвоила Пауло К. заприметувам дека сите сте го одбрале него, добар избор. Стефани Маер, Никола Спаркс, Сидни Шелдон, понатаму Ден Браун исто има добри дела, Сесилија Ахерн ако беше таа авторката на пс: те сакам..,Шерилин Кенион...и уште многу други. пс:Болдираните се најомилените