Имам повеќе омилени писатели. Сидни Шелдон ми е прв на листата- мислам дека не остана книга од него што ја немам прочитано, посебно ми се допаѓаат КРВНА ВРСКА и ГОСПОДАРОТ НА ИГРАТА. Исто така многу ја сакам руската литератаура- Толстој, Достоевски, Тургењев. Од францускатата литература секако Балзак, писател кој ме плени со неговата раскажувачка моќ. Теодор Драјзер- од амариканската литература и неговите дела АМЕРИКАНСКА ТРАГЕДИЈА и СЕСТРАТА КЕРИ, ме оставија без зборови и го додадоа на мојата листа омилени писатели. Исто така и Агата Кристи ми е една од омилените, посебно нејзиното дело 13 проблеми А не го преферирам Паоло Коељо, ги имам читано повеќето негови книги, но не ме воодушевиле. Мислам дека првенствено е модерно да се чита Коељо, а содржината на неговите дела е на второ место. ( Сепак тоа е мое мислење, без навреда за сите негови обожаватели). Истото го мислам и за Ден Браун. А од домашните писатели, некако после Горјан Петрески немало некој кој ја освоил мојата читателска љубов.
Агата Кристи, а откако ги прочитав сите 4 делови од The Twilight Saga и Стефани Мајер. Од македонските писатели Горјан Петревски .
Џон Гришам, Агата Кристи, Сара Дунант,Трејси Шевалијер,Барбара Клеверли Венко Андоновски,Јагода Михајловска Ѓеорѓиева,Петре.М.Андреевски
моја тема .. опседната сум со читање тотално ... од македонските убедливо #1 Петре М. Андреевски и Венко Андоновски. странски (ќе се движам географски ) српски : Десанка Максимовиќ СИТЕ РУСКИ ( посебно ТОЛСТОЈ!) руска книжевност ми е омилена и слаба точка. Паоло Куелјо да. само морам да кажам дека почна да ме нервира што као наводно на сите им е омилен. а се кладам дека ја имаат прочитано само ,,Алхемичарот`` и тоа е знак прашање.... омилена од Куелјо ,,Вероника реши да умре,, и филмот е добар со Sarah Michelle Gellar. и најнов хит ми е Харуки Мураками... човекот е луДДДДД....... позитивно секако... ептен ми е хитче и сеа ги таманам неговиве дела.. од ,,Спутник љубов,, па се што излезе после тоа... иначе да си кажам и дека многу ми е битен квалитетот на книгата. односно хартија . корица итн. па затоа и претпочитам да си купувам од ТРИ... незаменливи се//. иииииии тоа мирисот на книгата АААААААа.. нема нешто поубаво. толку од мене. иначе моментално не читам ништо , во потрага сум. па освен што ќе си кажуваме писатели може и да си даваме предлози за читање. еве мој предлог Lily Prayor ( Лили Прајор) - La cucina ( Кујна)
Немам зборови за Харуки Мураками, човекот е генијалец! Јас ги имам прочитано Јужно од границата, западно од сонцето и Спутник Љубов , сега се спремам за Норвешка Шума, има толку добро изграден и осмислен стил на пишување, прекрасен автор.
јас сум исто така голем љубител на пишаниот збор фаворити нема да наведам затоа што ги немам книгите ги делам на добри и на книги без содржина ..а што е со еротските романи имав прилика да прочитам еден дел пред многу време...толку многу што едвај се сеќавам за што стануваше збор но во сеќавање ми остана дека беше интересна молам љубителите на ваквата литература да споделат наслов на некоја квалитетна книга ...однапред благодарам
Си има тема за ова: literatura-i-umetnost/preporacajte-kniga-t1081/ ____________________________________________________________________________________ И ќе бидам оф-топик, но би сакала да ја замолам ХстронгерХ да не ги пишува своите постови цели болдирани. Секое добро
Мене ми се допаѓа неговиот стил, меѓутоа не знам колку бев спремна да ја читам Спутник Љубов. Некако многу шокирачки ми дојде. Деновиве ќе ја завршам па ќе имам комлетен впечаток.
Дефинитивно мој омилен автор е Пауло Коељо а од него ке ги издвојам делата : ''Алхемичарот'', ''Единаесет минути'',''Победникот е сам'', ''Вероника реши да умре''....
Жорж Санд и Вирџинија Вулф најмногу сакам да ги читам. Тука некаде се и Волтер поради `Кандид` и Херман Хесе -`Паѓањето`,Ками поради `Степски волк`. Порано го сакав Паоло Коелјо, ама некако целото негово творештво премногу се искомерцијализира и тој почна да создава дела кои лесно би `поминале` кај публиката.Инаку омилена негова книга ми е `Вештицата од Портобело`. Ден Браун пак, го сакам поради лесниот начин на раскажување, се воодушевувам колку добар наратор е и како успева да ме заинтригира со темите кои ги обработува. Од македонските автори Горјан Петрески поради тематиката и пристапот кој го има кон младата читателска публика.Знае како да ни се доближи. Сашо Тасевски со `Шмизла` ме шокираше со начинот на кој совршено ја опишува состојбата во нашево општество денес. Од поетите не смеам да ги изоставам К.Миладинов и Рацин затоа што се незаменливи и безвременски.
Николас Спаркс - ненадминат е!!! Најубав стил на пишување Џ.К.Роулинг - Хари Потер Стефани Маер - серијалот Twilight
Хмм кога би можела да издвојам само еден.. Од странските дефинитивно Николас Спаркс..стил на пишување во кој најмногу се пронаоѓам... Потоа Сесилија Ахерн...неодоливо интересни приказни... И секако Агата Кристи...возбудливи и мистериозни романи.. Од домашните секогаш сум го сакала Горјан Петревски и неповторливите Марта и Исти очи...
Од домашните автори Венко Андоновски, Петре М.Андреевски и Живко Чинго, а од странските Шан Са, Перл Бак,Шмит, Достоевски, Шолохов....
Дефинитивно Стефани Мајер со нејзината сага, Трејси Шевалие (Девојката со бисерна обетка, Девствено сино, Дамата и еднорогот), Емили Бронте со Оркански височини, Томас Харди, Вилијам Шекспир, Виктор Иго и неговите Клетници и уште мноооогу други... Од македонските поштујем Петре М. Андреевски со Пиреј и Венко Андоновски....
Достоевски! Единствен, ненадминат, мојата љубов уште од средно... Браќа Карамазови, Идиот, Понижени и навредени, Демони, Дневникот на писателот... не знам ни сама колку пати ги имам прочитано. Ја сакам Русија поради него, најголем животен сон ми е да одам во неговиот сакан Санкт Петербург и куќата во која пишувал, а која сега е претворена во музеј. Кога би требало да се ограничам само на еден, Фјодор М. Достоевски би бил мојот избор без размислување, ама иако ќе му останам верна цел живот, сакам да читам и некои други . И други Руси има во моите омилени: Толстој, Булгаков (огромен талент, еден од најоригиналните писатели ever), Гогољ, Пушкин и Горки. Милан Кундера, Умберто Еко, Орхан Памук, Арундати Рој, Харуки Мураками, Виктор Иго, Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Маркез... Од Македонските секогаш на прво место го ставам Славко Јаневски и неговиот циклус со Кукулинци, секогаш се ежам кога ќе помислам на нив. Неговите кованици од зборови и мрачната атмосфера која ја создава го прават единствен. По него е Венко Андоновски, генијот. Не сакам ништо што е модерно да се чита, се ежам од "шлагер" литература и ретко верувам на писател чии книги не го поминале тестот на времето, иако и тоа ми се случило, претежно со Букеровците и Нобеловците.