Од странските дефинитивно Агата Кристи (''Азбучните убиства'' , ''Убиство во Месопотамија'') Џ.К. Роулинг (''Хари Потер'') Стефани Мајер (''Самрак'') Ернесто Сабато (''Тунел'') Мајкл Вајт (''Еквинокс'') и дефинитивно Вилијам Шекспир ('' Ромео и Јулија'') А од нашите автори Горјан Петрески..
најдобар според мене е Пауло Коелјо ги обожавам сите негови дела,а од домашните немам некој посебно омилен
Омилен домашен писател дефинитивно проф. Андоновски, а странски Пауло Коељо. Им симнувам капа и на двајцата!
Од странските омилен ми е Виктор Иго ( најомилена ми е Клетници) исто така да не ја изоставам Јохана Шпири ( Хајди- детска книга ама го разнежнува секое детско срце), Агата Кристи ( Куќата на злото) а од домашните Горјан Петрески (Марта) и Живко Чинго ( Сребрените снегови)
Достоевски,Иго,Балзак и Волтер ги издвојувам од странските а во последно време ги читам книгите на Даниела Стил и Гијом Мисо,па морам да ги ставам и нив во омилените поради убавиот стил на пишување кој нуди релаксирачко и пријатно читање. Од домашните нај актуелен и откритие од оваа година ми е Сашо Тасевски,(трите дела му ги прочитав летово) па веднаш го ставам во омилените.Едноставно го обожавам неговиот стил на пишување.
Од домашниве Игор Џамбазов (има напишано две книги но сепак ми се допаѓа начинот на пишување ), а од странскиве писатели Николас Спаркс, Гијом Мисо и Софи Кинсела
Џамбазов не е писател, туку шоумен кој има напишано само две автобиографии, а за понатаму па може и да стане, ништо чудно
Домашен.. па може да се каже дека е Горјан Петревски иако не читам многу македонска литература. Од странските би го издвоила Вилијам Шекспир бидејќи неговите дела „Ромео и Јулија“ и „Хамлет“ да ги прочитам и по милион пати мислам дека нема да ми здосадат!