Горјан Петрески од наште, од странските Агата Кристи, Николас Спаркс..и незаменливиот иако ренесансен писател-ШЕКСПИР и неговите фантастични дела(иако се трагедии скоро сите) врвот е..Хамлет
Карлос Руиз Зафон и Агата Кристи од странските.. Во книгите на зафон ми се допаѓа мистичноста и како се одвиваат настаните навистина тоа се книги во мој стил додека кај Агата ми се допаѓа интелегенцијата кај Поаро ос тоа како ги разрешува криминалците .. Кај домашниве писатели можам да го издвојам само Горјан петрески
Од домашните би ги издоила : Венко Андоновски,Горјан Петревски. А од странските : Николас Спаркс,Пауло Коељо и Шекспир.
Е не можам да издвојам само еден писател. Читам многу, читам се, но да започнам прво со најдобрите, врвните имиња во светската литература. Ками, Хесе, Достоевски, Балзак, Толстој, Иго, Чехов, Пушкин, Шекспир..... Покрај овие безвремеснски автори, морам да ги напоменам Ерика Јонг која ме воодушеви со „Страв од летање“, Пауло Коелјо со неговите поучни и лесно читливи романчиња, Јустејн Гордер со „Светот на Софија“ итн. Од авторите на трилери - Сидни Шелдон, Џејмс Патерсон и Нора Робертс. Македонска литература слабо читам, но би ги издвоила Петре М. Андреевски, Живко Чинго и Венко Андоновски.
Од нашиве, дефинитивно Големиот Венко, дури и не можам да најдам зборови за да опишам колку многу ме восхити „Папокот на светот“. Имам уште негови дела на списокот, кои без сомнение наскоро ќе бидат прецртани од таму, исто како и овие кои ги читав изминатиов период и секако - не ме оставија рамнодушна. Од странските, Умберто Еко, Маркес и Достоевски.
Од македонските Горјан П. а од странските Сузан Колинс , Апрлин Пајк , Јустејн Гордер , Николас Спаркс и др.
Домашен: Горјан Петрески за детски романи и Венко Андоновски. Странски: -за трилери: Сидни Шелдон -за романи: Даниела Стил -за психологија: Пауло Коејло. Исто така ги сакам ептен сестрите Бронте иако немаат многу дела на жалост, и Мир-Јам исто така.
за домашен писател не можам а ви кажам о причина што од некој стереотипи ги одбегнувам... можам само да ја спомнам Јагода Михајлова Георгиевска од причина што Индиго Бомбај ме остави без зборови а од странски непобиен ми е Едгар Алан По
Од странските-Карлос Луиз Зафон на прво место,Достоевски,Харуки Мураками и Халед Хосеини од македонските Венко Андоновски
Зафон ми се искачи на врвот на листата. Неприкосновен засега. Петре М. Андреевски е чиста магија. Од помладата генерација - Иван Шопов.
странски: Херман Хесе македонски незнам баш не ми оставил никој впечаток посебно еве би можела да ги издвојам петре м. андреевски и горјан петревски
Од странските ги сакам Ден Браун, Сидни Шелдон, Даниела Стил, Нора Робертс ... А од домашните Горјан Петревски и Венко Андоновски
Ги обожавам делата на странските автори како што се Агата Кристи (Куќата на злото, Отворени карти, Азбучни убиства), Достоевски (Злосторство и казна), Толстој, Петрарка, Николас Спаркс (Страници за нашата љубов, Прошетка за памтење), Коељо и др. Од нашиве искрено најдобар ми е Дитас (Крив правец - двата дела)
Зигмунд Фројд, Фјодор Достоевски, Михаил Булгаков и Џејн Остин дефинитивно... додека од македонскиве писатели неможам да издвојам, нит сум импресионирана нит би била, но во секој случај:Never judge a book by its cover))