Еден и единствен, според мене, Достоевски. Магијата со која пишува во неговите дела е неопислива. Скоја чест за човеков! И Пирејот на Петре М. Андреевски ме плени...
Најчесто,нели, читам странска литература поради сиромашниот а богами и лош избор на македонска литература. Сепак, не можам а да не го одделам Петре М. Андреевски како писател за кој сметам дека еквивалент кај нас нема да има уште многу време. Го сакам и Венко, неговиот стил и големото познавање на теоријата на литературата кое е невозможно да не се забележи при читањето на неговите дела, но лично делата на Петре М ми се многу поблиски. Од странскитене би можела да издвојам, бидејќи повеќе се поврзувам за дела отколку за стилови, но да речеме дека ги сакам Пауло Коејло и Достоевски, со назнака дека листава ми е многу подолга и разновидна.
Достоевски (на првите три места) Толстој Виктор Иго Паоло Коејло Карлос Луиз Зафрон (трилогијата сенки на ветрот, играта на ангелот и затвореник на небото ми се врв) Од нашите не знам...хммм можеби Петре М Андреевски
Достоевски за жал не е наш, руски писател е или можеби си русинка и ти, па би имало смисла Да си кажам за мене... Омилен домашен писател, без сомнение ми е Венко Андоновски, а од странските имам повеќе, но, би го издвоила Маркез.
Домашни-Винка Саздова,Горјан Петревски,Венко Андоновски и Петре М.Андреевски. Странски-Роберт Напрта,Едгар Алан По и Џон Фаулс.
Од домашните писатели, меѓу омилените ми се Петре М. Андреевски, Венко Андоновски, Горјан Петревски. Од странските автори, претпочитам да читам дела од Достоевски, Едгар Алан По, Оскар Вајлд, Николас Спаркс, Паоло Коељо и Виктор Иго.
Домашен писател немам можеби затоа што читам претежно дела од странски автори, ама пак затоа од странските автори имам многу : Донато Каризи, Карлос Руиз Зафон, Џејн Остин, Тес Герутсен, Ден Браун, Стиг Ларсон и уште многу други
Домашни писатели - Венко Андоновски и Петре М. Андреевски Странски писатели - Сидни Шелдон, Гијом Мисо, Паоло Коељо, Фјодор Михајлович Достоевски, Харуки Муракам, Ден Браун, Нора Робертс.
Од нашите - Горјан Петревски, Велко Неделковски и Винка Саздова. Странски - Достоевски и Агата Кристи.
Странски Виктор Иго,Едгар Алан По,Достоевски,Агата Кристи,Ребека Џејмс,Јозеф Гебелс Од нашите-никој посебно
Наши писатели ;Венко .А и П.М.Андреевски (неможам да се одлучам кој од нив е подобар ) Странски;Достоевски,Набоков и Ками.