Од домашните само Горјан Петревски би го издвоила. Од странските Даниела Стил, Сидни Шелдон, Сузан Елизабет Филипс, Николас Спаркс, Гијом Мисо, Мир-Јам...
Од домашните само Горјан Петревски. Од странските Даниела Стил, Џули Џејмс, Гијом Мисо, Сидни Шелдон, Линвуд Баркли, Карлос Руиз Зафон.
Голема штета е што Емили Бронте нема оставено друг роман зад себе. Сѐ уште немам сретнато пострастно напишано дело од „Оркански височини“.
Пробај со сестра и, “Џејн Ејр“ е брилијантна. Се согласувам за страста, тука ти ја препорачувам знаеш која. Исто блика од страст. ПСЗнаеш дека потсеќаш во нешто на Кетрин? Не можам да сфатам што, но ете.
Читана ми е Шарлот, не е тоа тоа. Мислам дека нема друга книга како оваа. На Ѕвонарот мислиш? А тоа последното, знам... забележав и јас. Малку.
Мхм, во нескротивоста можеби, во дивоста, не знам и јас точно во што. Инаку, да на неа мислам. “Џејн Ејр“ е добра и попризнаена да ја наречеме од “...Височини“ но и јас ја преферирам втората. Едноставно тонот повеќе ми се допаѓа, јес да и Рочестер е фантастичен лик, а со Џејн зависи од моето расположение како ја прифаќам.
Џејн Ејр не остаре добро. Попризнаена била во своето време зашто се потчинила на општествените начела поради прифатеност и останува таму некаде. Денес е поинаку, човек што нема прочитано книга во животот знае за Оркански височини, за Џејн Ејр потешко дека слушнал. Оркански височини ти е готик, а сепак реална. Не станува збор за само љубовен роман како што луѓето мислат, има друга посеопфатна димензија. Рочестер не беше убав и не ми привлекува внимание
едит и ревјуа Ѕирни на гудридс колку рејтинзи имаат и двете, ќе се изненадиш. Ми се допаѓаат и двајцата. Секси пипл, екстремни , страсни со способност да сакаат. Далеку поинтересни од другите фиктивни па и реални типови иако не ми се во топ три.
Јас мислам дека луѓето не ги разбираат „Оркански височини“, но за тоа во друга тема. Емили е сега попозната, сепак
Ех па не знам, сигурна сум дека и двете се многу добро познати во читателскиот свет, и двете се фантастични авторки иако и јас ја преферирам Оркански, всушност она ме турна во љубов кон класици.
Оскар Вајлд бил толку самокритичен човек, покрај квалитетен писател, што не можеш да не го сакаш. Знам дека многу го хејтаат поради лајфстајлот, ама тоа не го прави помалку книжевен гениј и еден од најпроникливите умови.
Домашни: Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, Блаже Конески Странски: Херман Хесе, Рајнер Марија Рилке, Пабло Неруда, Габриел Гарсија Маркез
Домашни: Петре М. Андреевски, Горјан Петревски и Ацо Шопов Странски: Достоевски, Шекспир, Толстој, Сидни Шелдон, Агата Кристи, Кристин Хана, Фицек, Колин Хувер.