Газирани:Швепс и Кока-кола Негазирани:На екс(од портокал) ,зелени Вива Коктели:Сангрија Алхохол:Вотка (по малку)
Во последно време повеќе Миринда и Фанта, него ли Кока-кола. Пепси ми е исто фино. Негазирано, цеден портокал. Алкохол: црвено вино, но во последно време ретко конзумирано. Летово: маргарита и сексот на плажа.
Хммм повеќе омилени имам. Леден чај, швепс, спрајт, џус, милкшејк, чоколадно млеко, нескафе И кока кола
понекогаш во зима црвено вино Вранец, на лето ретко шприцер или ладно пивце ! исто летно време со салата обавезно пред јадење Узо од алкохол а безалкохолни сите врсти сокови и кисела вода со вкус на лимон . П.С. алкохолот го консумирам по пропис по една мерица или чашка освен црвеното вино вранец по две помали или најмногу вино 0,2 Л.и тоа не секој ден туку во специјални прилики !
Живеам здраво па затоа алкохол ниту го сакам ни доаѓа во предвид да го пијам .. многу сакам сок од портокал (битолски) да биде , вива соковите сите ги сакам , од газирани сакам кока кола,швепс ,спрајт..И ако во последно време сакам да ги избегавам бидејки велат дека се течен целулит, ама неможам да им одолеам понекогаш
Не, не како може кокаколата да ви биде омилена? Луѓе тоа е отров, мојот желудник не го поднесува.. Иначе мој омилен пијалок е Спрајт!
Уф, од негазирани обожавам џус од портокал. Од газирани, преферирам Пепси,иако и Кока Колата ја пијам.А ми се свиѓа и она Синалко Кола,има добар „кола‘‘ вкус за разлика од другите што се многу зашеќерени. Сакам и млеко со Несквик,или какао, незаменлив вкус ми е,уште од детството.
Што сакам: сите милкшејкови/фрапеа ладно млеко негазиран сок/џус - секаков, освен од круша, а омилен ми е зелено јаболко и мултивитамин , боровницата ми е од газираните сите црни: 1. Кока Кола - незаменлива 2. Пепси (со лимонче) 3. Кокта , потоа Фанта Егзотик и Оранж така-така; Газозата ми е незаменлива Спојлер за ждригање е цар! исто така обожавам секакви домашни сокови, малинки, сливи, калинки... од чаевите омилен ми е шумско овошје, хибискус и липа. тоа што не сакам е: Зелен и црн чај Швепсот ми е гнасен, Спојлер не сум искусна, тоа ќе да е И Спрајтот исто така. Боза - не знам како некои можат тоа да го пијат. мене ми е одвратно. Од што уствари е направено?
Од газирани обожавам пепси и спрајт, ама правам пауза, веќе месец дена немам газирано пиено ништо. Џус од портокал сакам ама, не многу. Најубав ми е сок од боровница. Ама најомилено би рекла ладен чај. А алкохол - мартини и пиво.
Бозата се прави од брашно, квасец, шеќер и вода И јас порано не пиев боза, ама во последно време знам да си купам од Апче.
Сакам свежо цедени сокови, но кога не се можи и другите се убави. Најдобар досега ми бил еден што сама си го направив од киви и јаболко. Газирано не пијам, освен ретко некогаш кисела вода...и тоа многу ретко. Алкохол не благодарам.
гооооооорко Jаааааакккккооооо турско кафе,ако нема тоа, тогаш еспресо дупло. свежо цедена лимонада, без шеќер. друго ништо не признавам од пијалок, нити газирано, нити овошни сокови, нити бози, нити оние сирупи па вода им додаваш, ма ништо
Од безалхохолни пијалоци : Домашен сок од цреши (ако некој знае точна рецепта , ве молам нека пише) здравје годинава сакам дома да направам. Свежо цеден портокал со лед. Фрапе со банана, млеко и Бенквик. Од газираните сокови Тоникот ми е назаменлив со многу лед и лимон. Од топлите напитоци топло чоколадо, добро подготвен нес, салеп и чај од нане. Алхохол исклучиво Смирнов со многу лед, лимон и Тоник(еееххх не памтам од кога последно не сум го вкусила ова задовлоство ... )