Сок од свежо цеден портокал и лимон ми е незаменлив.. додека втора варијанта ми е "100%" битолски сок од портокал. Газирани сокови не пијам.. ептен ретко.
Сакам кока-кола пепси синалко..гчавно газирани црни сокови ...а од густите ги сакам на браво од портокал и на вива од боровница
Уште стојам на тоа што го кажувам од многу оддамна - нема ништо поубаво од ладна вода. Инаку од алкохолни пијалоци - коктел blue hawaii, узо-спрајт Газиранко - shweppes, пред некој ден другарка ми ми се чудеше како нарачав тоа кога бевме на кафе, бидејќи до пред некое време ми беше горчливо и одвратно, сеа омилено Sprite не можам да го изоставам, помалку го има во продавнициве, ама нема нешто поубаво. Цеден сок од портокал, или сок од шумско овошје - оние црвените.
Лимонада, боза, од газираните Cockta, Sprite, 7up(ретко го наогам ), од алкохолните бело мартини и го обожавам нашето домашно црвено вино
Преферирам свежо цедени сокови, ама кога нема многу сакам сок од праска илу боровница. Сепак, вода ништо не ми заменува
Само јас сум фрик што обожава сок од домати? После пивото, ова ми е еден од најосвежителните пијалоци!
Joк ич не си сама, и јас почнав да го пијам пред година дена. Во авион кога ми го понудија, се навлеков на џусов и го обожавам - јами јами Особено со јадење некое, со тост со кашкавал и печурки - мх мх мх
Не се добива вистинскиот впечаток во авион. Ама затоа кај баба ми на тераса, оџата се дере, ти си тегнеш цигарче и пиеш тазе густ сок од домат. Ќе те поканам нареден пат, ако не се лажам и во комшии сме по чаирска линија, не?