Кои ви се омилените сосови и со каква храна ги комбинирате? Мене моментално ми се овие два. Ги ставам во подпржени макарони, заедно со соја сос и малце орегано се одлична комбинација.
Има уште еден на Нектар, во помало паковање е со лук, ама не можам слика да ставам. Вториов и така без ништо може да си го пијам.
Од купени сосови сенф и тартар дефинитивно а од домашни сос од павлака лукче мајонез и сол поубаво нешто немам пробано
honey bbq sauce blue cheese buffalo wings sauce посебно ги обожавам последните два измешани за пилешко месо
Обожавам сосови, морам во секое јадење да ги имам. Сакам кари сос, павлака сос, сенф сос, доматен сос...итн итн.
Сакам многу сосови. Зависи и од јадењето што ќе го спремам па со кој сос оди тој го припремувам. Сос од домати, кари сос, тартар сос, бешамел... Некогаш и купувам.
Кари, бешамел, сос од павлака и доматно пире, сос од домати. Мм обожава разни сосови и постојано експериментираме со тоа што ќе ни се најде дома. Во Берово во Мрс јадев еден сос многу беше вкусен, ама не знам како се вика.