Паа рок, хард рок, метал, панк.. Порасната сум со овие типови на музика и уште растам. Од кога знам за себе слушав ваква музика со тато. Доброо, можи да се случи да слушам и поп понекогаш, зависи како ќе ми чукни АХАХ.
Се слушам со исклучок на фолк =) зависи каков ми е периодот, некогаш сум ептен по диско музика, некогаш балади, па латино....
Порано слушав претежно поп и р'н'б но сега таа музика ми е некако на работа на изумирање, и се помалку има и автори кои ја изведуваат. Потоа Jazz, Blues, Funk, и последно се заразив многу со bossa nova. За жал, претежно слушам песни кои се направени уште пред да се родам јас, со чест на исклучоци денес, но на прсти се бројат.
Слушам се! Музиката кај мене не е по жарнови и типови распоредена. Што ќе ми го стопли увото, тоа застанува на лустата од моите нај песни. Понекогаш песна која е тотално заборавена, песна која никој од друштвото не ја слуша, некоја стара рокерска песна, се се ама баш ! Освен фолкот, тоа некако никогаш не ми го загреало моето уво!
Претежно поп, поп-рок, а во последно време и хип-хоп. Тоа е најчесто англиска, македонска или евентуално српска музика. Имам и некои убави бугарски стари и француски. Не сакам рок, техно онака-повеќе ме замара заедно со хаус, а турбо-фолк присилена сум во летен период од околината.
Слушам скоро се освен турбофолк, народно и метал, а највеќе сакам електронска музика (денс, хаус), поп, алтернативен рок...