Обожавам музика, и без неа нема шанси да ми помине денот. Нон стоп ми е пуштено или радио или телевизија, а ако сум излезена, слушалките се на мене. А слушам се, секаков жанр, во секој вид музика си пронаоѓам нешто што ми се допаѓа. Ако морам да издвојам кого слушам, чии албуми ги купувам (т.е симнувам од нет), тогаш нека биде U2, Bon Jovi, Sting, Eros Ramazzotti, Il Divo, Andrea Bocelli, Creed, Nickelback, Robbie Williams, Evanescence, Oasis, Scissor Sisters... ама кај мене на компјутерот во Охрид може се и сешто да се најде. Од домашните заборавив Тоше да го спомнам, Архангел, а во последно време си ги слушам Љубојна, Баклава, преработките на Гаро и Каролина на македонските народни песни А си сакам и поп песнички, и екс-ју и се друго... а бе важно да има добар ритам А кога излегувам - обично одам на свирки, ама пред се, тоа ми зависи од друштвото и заедничката одлука кај ќе се „дреме“ вечерта
Хип Хоп и РнБ. Z 50 cent, N.E.R.D. Pharrell, Kanye West, Kid Cudi, Fabolous, Notorious BIG, 2PAC (ако се конкуренција, ги слушам двајцата ), Jay Z, Ne-Yo, J.T., Alicia K, Beyonce, Usher, Lupe Fiasco... Рок музиката ми се допаѓа, не се' , само одбрани работи и нешто од поп-рокот , од нашето детство Ми се допаѓаат 3 Doors Down, OneRepublic, Muse, Radiohead. Кога сум бесно распложена, се дорасположувам со хитчињата на J.Lo (посебно The Remixes), со Christina Aquilera и N'Sync. Па што, ме потсетуваат на тинјџерските денови.
Слушам најмногу ПОП(само странско) Рок & Хип-Хоп. еве нешто од песните: Linkin Park- What I've done Onerepublik-All the right movies Evanescense-Hello Bon Jovi - It's mu life B.E.P - I gotta feeling Lady GaGa - Telephone Cheryl Cole - Parashute David Tavare - summerlove Morandi - Colors
:y: Исто , само едно време конкретно само тоа слушав , а сега околностите се такви не сум во такво друштво па морам се да слушам
Не можам да се ограничам на само еден жанр.. Слушам баш се, ама највеќе сакам рок балади, поп хитови, и овие денешниве Lady Gaga, Beyonce и остали
Слушам се што ќе ми се допадне (освен турбофолк, едноставно таа музика не ја поднесувам,аа за текстовите да не зборуваме).. рок, поп, R'n'B, хип хоп, рап,техно, џез.. И во последно време почнав да ги слушам преработките на стари македонски песни, како и преработките на евергрините (иако морам да кажам дека оргиналните верзии повеќе ми се допаѓаат)..
Слушам речиси се, освен турбофолк, транс и метал (посебно хард метал). Најчесто слушам r'n'b и хип хоп.