Немам некој омилен тип музика слушам тоа што ми прима увото... Сакам евергрини, некои постари поп рок песни, поп, класична музика, медитациска, нешто инструментално, романтични песни понекогаш и електронска музика (ретко) и R&B. Никогаш турбо, хард рок и хип хоп.
СКА и РЕГЕ на прво место! веднаш после тоа следи инди рок...тие ми се најомилени стилови али не ми пречи да слушам и други видови на музика..се што е добро вреди да се испоштува
Најмногу сакам рок, но зависи од расположение. Не се ограничувам на еден вид на музика и ме нервираат само народни песни. Турбо фолк понекогаш само кога морам - кога има веселење, родендени и слично, ама во принцип не слушам такви песни. Никогаш нема да ми се здосади од рок-балади. Една што морам да ја издвојам е Wake me up when September ends од Green Day - многу тажна и преубава песна.
Од кога знам за себе, слушам rock Секаков вид, зависи од расположението. Metal не сакам воопшто, иако многумина овие два типа на музика ги спојуваат во еден ист. Ама сега некако rock слушам многу помалце од претходно. (сепак уште си го сакам) Сега слушам trance, многу ме опушта.
Слушам хип хоп, рок, поп, реге, може да се каже скоро се. Па и техно, и такви слични песнички. Само да е квалитетно, и да ми се свиѓа.
Ајој... многу се. Блуз, рок, метал (прогресивен и хеви најмногу), реге, гранџ, инди рок, по некогаш џез. (ебтате комбинацијата ќе кажете)
Гледам дека сум пишала дека слушам само rock и по нешто metal, ама сега веќе слушам повеќе од истото. Најмногу сакам alternative, indie, grunge и hard rock. Metal почнав да слушам повеќе од порано, а најчесто gothic, symphonic, thrash и heavy. Исто така слушам реге и џез.
Олд рок скул- значи се што е од 70тите 80тите и 90тите било во светска било ју музика- значи Deep purple, g`n`r, Metallica, Riblja corba, Bjelo dugme, Crvena jabuka и многу други рок класици кои чии песни се лектири на денешната младина
Не би можела да си го замислам животот без музика. Слушам музика од повеќе тотално различни правци... * Класика * Транс (психоделичен) * Панк * Рок * Д`н`Б * Хип- Хоп & Рап * Реге Ова ми се накратко омилените правци кои ги слушам зависно од расположението. Нормално проследени со омилени бендови. Заколнат фан сум на Хладно Пиво и знам да откачам на Панк како на ништо друго, а и имам некој панкерски ген во мене. Од друга страна можам со денови да ги пеам Битлси, Дорси, и.т.н на некоја ливада со цвеќе во косата. Ја сакам и нашата изворна музика, но немам навика да ја слушам по дома. Единствен правец кој неможе организмов да ми го свари е Турбо Фолк-от. Без навреда, но навистина мислам дека само човек опериран од билов како културно-морален сенс би можел да го слуша тоа. Ако влезам во такси каде што има пуштено турбо фолк замолувам да сменат, бидејќи добивам нагон за повраќање. Доколку таксистот се противи без размислување излегувам од колата. Па муштеријата е секогаш во право, нели? =) Sayonara!
Абе јас си слушам тоа што ќе ми текне и тоа што ми се свиѓа. Мене све ми зависи од расположението. Најчесто слушам поп, па поп-рок, рок, поп-фолк, турбо фолк ретко - зависи кога ми треба да се развеселам , old school рап, хип хоп.. се и сешто. Ги обожавам Evanescence - колку што знам спаѓаат во рок , Shaila, t.A.T.u, Zdravko Colic. Порано многу слушав бугарско оф леле, највеќе Азис, цц И понекад си пуштам некои рандом песнички што ќе ми паднат на памет како на пример од Бритни, Аврил, Кели, Лејди Гага..Али онака по 2-3 песнички. А на овие другиве што ги набројав скоро сите песни им ги знам.
слушам се што јас сакам!!!! од турбо до метал, од класика до хаус мјузик омилен тип немам нешто посебно ама албанска, грчка, еврејска, арапска музика највеќе сакам бугарката не е за фрлање, а ни српската!нашава ок ми е само... некогаш знам да одлепам на цеца, некогаш па на рокче немам предрасуди ниту во музиката! се што мене ми се свиѓа ќе си слушам! но, ок, стилот на фаците како сејо бој, фазлија, екрем, ајсела, и компанија никогаш не би можела да го сварам, дури и 24/7 да ми ги пуштате
Пред година, година ипол слушав Trance, од кои типови, прогресив, хард,гоа, psy.. Годинава си слушам се што ќе ми текне на памет, не се ограничувам за еден тип на музика, слушам почнувајќи од поп, рок балади, Drum'n'Bass, Dubster ,хаус понекогаш .. Хитчиња.. И понекогаш екс-ЈУ балади. Миленик сум на се што е хит! А не плагијат, и пролазен хит- што секако не било, и никад нема да биде хит. Како и да е,Trance addict сум
Techno/Minimal/Progressive - definitivno najdobar tip na muzika.Iako ponezhniot pol retko slusha elektronska muzika,jas sum vo totalna sprotivnost od niv.Site se chudat kako mozhe da izdrzham konstantno da ja slusham techno muzikta. [mod-kirilica:3tuji8hu][/mod-kirilica:3tuji8hu]