Се ми е омилено кога во позадина фрчи гитарче. Посебно па ако има некое соло, мх мх... Значи обожавам рок, алтернатив, хардрок, реге онака.. И Morcheeba врска неам што жанр негуваат, ама ептен ме опуштаат нивните дела, и ај нека ми биде и тој стил во омилените
Ама баш се слушам..во зависност од ситуацијата и од тоа како се чувствувам..но најповеќе ми лежат екс ју песните
1. Нарасната сум со рокче, со ГНР, Лед Цепелин, Дип Парпл... 2. Комерцијалкиве обавезно ќе ги спомнам 3. Techno, посебно АТБ, Пол Ван Дајк и Гета...
Рок, па и хард-рок и панк-рок, знае да ми се провлече понешто од поп и транс музиката но повеќе како исклучок, последно време се навлекувам опасно на џезот, гад дем криза на 30-тите ќе да е, . Слушам и класика и релаксирачка музика, . Всушност и од она што не сум набројала ако нешто ми влета во сетилото за слух и ми ја загрее душичката си го прифаќам како залутано милениче и го вдомувам без разлика на (не)поседување на педигре, .
Најмногу слушам РАП...Посебно Еминем и Тупак... Потоа зависи од расположението...Ако сум нервозна-Метал...Ако сакам да се исплацам слушам лав сонгс...А понекогаш забегувам и на техно...