Пребарував дали има ваква тема, се надевам добро видов дека нема. Голем љубител сум на омлет вкусот на јајцето секогаш го погодувам, но обликот за мене е измислена именка. Незнам да направам како ролован омлет односно внатре да е наполнет, и незнам да направам рамен омлет секогаш ми испаѓа неопределени форми. Ве замолувам додколку некој знае да го изведе ова да ми појасни. Треба ли тефлонско тавче ?
Пред некој ден и јас барав дали има ваква тема и не најдов. Барав рецепти за омлет. Се распрашував по професионалци и многу комплицирано ми звучеше, воопшто не е исто со кајгана. ^ Од тоа што разбрав, да, ти треба нелепливо тавче (може тефлонско). Омлетот се пржи/пече како палачинка - од двете страни. Повеќе не би знаела да ти помогнам.
јас омлетот го правам во тефлонско тавче, во тоа што си правам палачинки, Jecichka еве пример за ролован: матам 2 јајца,посолувам,малце и млекце, и на добро загреано тавче со 2 капки зејтин ги ставам матените јајца, ама целосно тавчето да ти биде покриено со јајца, ке направиш исто како палачинката што ја ставаш во тавче, кога ке се попржат малце од една страна ги вртам(секако ке си земеш помагало да ги свртиш иначе неможе како палачинка сами да ги фрлиш во воздух и да се свртат ) и на другата страна одма почнам да го ставам филот, зависи што имам при рака, кечап, оригано малце, шунка, кашкавал, може сиренце.. зависи со што сакаш може да ставиш. после убаво така го вадам на голема чинија, и го мотам како палачинка, после исечеш на 4-5 делчиња и доаѓа како сликата што ја имаш оставено. се надевам ти помогнав не ме бива многу за објаснување
Во последно време, омилено јадење ми е комбинацијата: печурки (динстани/малце пржени во маслиново масло) + магдонос + патлиџан + 2/3 јајца. Еве како изгледа за време на печење: Ама малце потешко ми оди превртувањето, па не изгледа баш совршен резултатот, но вкусот е мх!
И јас никогаш да го погодам,ама маж ми е експерт.Тој го прави во тефлонско тавче,на тивко не на јако.Во средина ставаме сирење и печурки така е најслатко.И изгледа и доста декоративно
Овој е омлетот на баба ми, специјалите и беше и само не неа и излгедаше убаво и беше вкусен, јас некако естетскиот дел не го погаѓам. Во тефлонска тава, рамна(не мора толку плитка како за плачинки, зашто во неа не собира многу намирници одозгора) ставате 2 изматени јајца со ептен малку млеко(може и без млеко) ситно сецкана шунка и сирење, посолувате и забиберувате матите додека да се убаво соедини смесата, сирењето да биде многу ситно за да успее убаво да се стопи, и соедини со јајцето. Се пржи кратко, 3-4 минути, баба ми успеваше да го преврти без да се растури и е како дебела палачинка со мозаик од шунка али јас не го постигнувам, мене ми се истура и малку изгледа како букруш ама вкусно е многу. Порано ставав кечап, сега ми го расипува вкусот и го јадам само така со парче леб. Филот може да биде по избор, гледам и зелечук сте ставале, убава идеа, следен пат би пробала така дефитивно. Јас би пробала со маслинки и фета сирење или печурки и пилешко.
Мојата мајка и баба правеа омлети кои и јас денес ѓи правам и тоа во обично тавче загреан да е зејтинот се ставаат убаво матените јајца се додава коцки кашкавал и коцки врат мајками ставаше и маслинки се пржи убаво и тоа е тоа...Овака правеа мајка ми и баба ми особено зимно време со топол чај уживанција Спојлер Инаку на мм ова му го направив за вечера кога ми беше дечко првата романтична вечер ама не беше успешно прво го изгорев,а потоа се спрепнав и си ја убив раката што завршив во ланѓета....важно се обидов...потоа го помнам мојот прв зготвен омлет
да ви кажам овој рецепт сама си го избислив и мн ми е убав -зимаш путер го ставаш да се стопи -ставаш исецкана пиберка да се запржи -ги ставш јајцата цели после ги мешаш -ставаш кашкавал да се стопи и мн е убаво
Јас не го јадам ама со мерак му спремам на брат ми во тефлонско тавче ставам две-три капки зејтин и ги ставам претходно изматените јајца со зачини, откако ќе се испржи на едната страна внимателно го вртам од другата, кога е готово го ставам во голема чинија и на едната половина редам рендасно сирење, салама, со другата половина го преклопувам и тоа е тоа.. како декорација ставам нколку парчиња домат и краставички и тоа е..
МРАЗАМ ПРЖЕНИ ЈАЈЦА ! Без разлика на око,омилет,со ова-со она.Блјак исто ми е како масло да голтам .Најмногу 2пати годишно јадам и тоа кога татко ми е на нервна база,па за пред училиште,наместо варено јајце тоа ми дава Спојлер Инаку не сум от оној тип кој пребира многу во храната,ама омлетовт
Јас обожавам омлет, иако никогаш го немам пробано имам чувство дека е вкусен. Имено, не сум јас виновна туку тафчето ми е такво, се лепи на него што и да ставиш. Ама затоа еден рецепт проверено е најдобар. Ќе земете едно гранче младо кромидче и ќе го исечкате на што е можно по ситни праченца. (Врши работа и стариот кромид, иако е овој подобар). Откако ќе го направите тоа го ставате во тавчето со зејтин да се пропржи. Кога ќе забележите дека е малку подзаруменет веднаш го тргате од оган, со тоа што на страна во тавчето додавате една мала лажичка кисела павлака (можете и хопла ако ви се наоѓа, сеедно е), потоа малку магдонос, вегета, сол и бибер. Така убаво го промешувате сето тоа, дур јајцето и павлаката не се соединат, а потоа го намалувате шпоретот и оставајќи сето тоа да се пропржи од прилика околу 30 секунди. Јас избегавам да го пржам многу бидејќи така поубаво ми е, но вие ако сакате можете и подолго да го пржите. Воедно, дозволени се и модификации, во случај да сакате да додадете шунка, сланина или наместо кромид може да ставите и праз во јајцето со павлаката. Исто така ќе биде преубаво, и нема да згрешите.
Јас го обожувам омлет пица, значи класично заматени јајца и после одозгора редам се што редам на пица и на крај покривам со фолија на тивок оган, превкусно е.