Што мислите за ова, можно е? јас не верувам почнав нешто со другарка ми од забава но чудно е како ме фрли во депресија, зошто се наоѓам во лоша ситуација, поминувам низ тежок период и неверојатно ми го погодува минатото а за иднината се полошо и полошо ме чека ако верувам во ова. За разлика од мене на другарката само убави работи и излегуваат а и таа е среќна цело време. А како се да ми погодува. Реков дека не верувам во интернет гатање но ова уште толку ме фрли во црни мисли. Дали верувате барем трошка во овој начин на предвидување. Можно е толкаво канализирање на енергијата? Еве една страна како пример тука скоро се ми се погодува. http://www.astrozenit.com/glavni-proricanja
Велиш се ти погодува... Јас уште се мислам дали да го кликнам линкот, не сакам да бидам во депресија или да се радувам за нешто што може но не значи дека стварно ќе се случи. Искрено, не верувам дека има вистина во гатањето (не само во она што е онлајн). Сум слушала од луѓе што забегале по гатачки дека тие знаат да ти кажат се што веќе е биднато, но за во иднина што и да предвидат не се исполнува... И освен тоа, што ти гарантира дека е точно? Како што кажав, сеуште не го отворив, и не планирам засега, ама претпоставувам дека може да има врска со нумерологија, најверојатно се користени готови шаблони (претпоставувам треба барем нешто за тебе да внесеш... датум на раѓање или барем што си во хороскоп), инаку од каде би знаеле кој е тој што седи пред компјутер и што навистина му се случува. Енивеј, немој да запаѓаш во никакви депресии, верувај дека немаш реална причина за тоа. Велиш дека се наоѓаш во лоша ситуација, па зошто тогаш не пробаш да мислиш позитивно? Само со позитивна енергија можеш да одиш напред, батали го гатањето, немаш корист од тоа чудо.
Извини но немам храброст да притиснам. Малце сум плашлива и се ми останува в глава. Затоа нема да ввидам, инаку не се плаши. Ова не би требало да е вистина!
Идете десно кај што пишува циганске карте краљевске карте тарот.... Кликнете на било кое од тие и предходно замислете си желба. Никако не го зимајте ова здраво за готово, туку на ова гледајте како на забава.
А да почнеме и вака онлајн да повикуваме духови, да видиме што тие ќе ни кажат. Еве на пр. мојот дедо - Бог да го прости да го споменам Спојлер Ќе препишам ова на детски болести/ фази кога сакаме бргу да се омажиме и да знаеме кој ќе ни биде маж
Јас знам да гледам на обични карти, и скоро постојано му гледам на другарките за забава. Инаку верувам дека се се работи за случајност па може нешто да се погоди нешто не. Не смее да се сваќа здраво за готово, но исто сметам дека се не смее да се отфрла, бидејќи има нешто да се каже за случајноста. Не сметам дека имам некакви магични моќи не ме сваќајте така. Инаку на линкот не кликам, не верувам дека нешто такво може да се направи преку интернет, бидејќи тоа е само програма.
zal mi e sto mislis deka gatanjeto e glupost tocno sami si ja kroime sudbinata i gospod e toj koj e nad nas no postojat luge kako baba vanga ili saso od dimenzija x.ili mn drugi koi ako pocnat da ti gledaat kako da bile so tebe. naj cudno e toa sto postojat luge koi se bavat so pravenje magii i koi gledaat da ti nastetat vo sekoj pogled.pozdrav i se nadevam ke pocnes da veruvas vo ovie raboti.
Зарем не се глупости?? Да глупости се,не треба во тоа да се верува,само си го трупаме мозокот со непотребни работи! Ама секој си има свои мислења и верувања!!
@Justicija ај види тебе дали ќе ти погодат оти кај мене слабо со предвидувањата , никако да ми погодат
мене само ми стигаат на емаил глупави работи од оваа као на пример ; ЈАСМИНА (А НЕ СЕ ВИКАМ ТОЧНО ТАКА ,САМО ГО ЗЕДОВ ВО ПРЕДВИД ИМЕТО ) сношти ми дојде некој ангел и ми го изговараше твоето име јасминааа тоа значи дека нешто овие три дена ке ти се случи важно. ики на пример : јасмина твојата ситуација ме загрижува имаш проблеми што те мачат . јас ке ти помогнам биди спремна ке ти се случи нешто во рок од 15 дена и итн . Глупости невидени шта да ти причам