1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн курсеви (Coursera, edX, Open Culture...)

Дискусија во 'Слободно време' започната од butterfly33, 5 март 2016.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Mислам дека нема конретна тема за Онлајн курсеви, а ако има- клуч.
    Би сакала да продискутираме за онлајн курсевите и веб страните кои нудат вакви курсеви.
    Дали сте слушнале, сте практикувале претходно, дали имате позитивно или негативно искуство, колку сте научиле?

    Ете да тргнам од мене, од пред 5-6 месеци почнав да слушам бесплатни онлајн курсеви на https://www.coursera.org/. Универзитетите од каде беа курсевите кои ги слушав даваа и бесплатни Statement of Accomplishment ако го положеш курсот со определени поени, па така си добив и 3 бесплатни сертификати дека сум ги положила курсевите.

    Ме интересира вашето мислење за оваа веб страна https://www.edx.org/
    Дали сте имале некое искуство и дали даваат бесплатни сертификати или сертификатите се само со плаќање?
    :hai::wasntme:
     
    На Tanjamm, Ownage и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. VanOjte

    VanOjte Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    јас имам искуство исто со курсера и има курсеви од разно разни области. така да +1 за курсера. До сајтот едх го немам посетувано но незнам и https://www.pluralsight.com e исто одлична библиотека од курсеви.
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Единствена критика на Курсера во последно време, е што сите курсеви кои започнале овие месеци или месеците кои доаѓаат, ги направија со сертификати од 50 долари. Значи да добиеш документ дека си го положил и посетувал курсот, мора да се плати. Во спротивно, видеата можеш да ги гледаш, но некои определени вежби не можеш да ги решаваш...
     
  4. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ја имам и се уште ја користам Coursera, предобра е ептен сум задоволна. Исто така добра страна е и https://alison.com/course/ - вреди да се посети, има многу курсеви од најразлични области. Многу ми послужи за Биохемија затоа што имаше Биохемија 1, 2 и сл., мислам дека така им функционираат повеќето курсеви.

    Поздрав.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VanOjte

    VanOjte Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Да така е ама и не е така. Имаат и доста курсеви за кој не треба да плаќаш. Ти гледај ги видеата немора да решаваш задачи. Па за некои курсеви кој ти се во твој домен и вреди да се плати.
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    За да добиеш Сертификат на Coursera мора да им сликаш лична карта или друга ID? :?:
     
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.146
    Дали може некој да ми помогне? Некој добар онлајн сајт или нешто за изучување на француски / германски бесплатно?
     
  8. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Можеш да си симнеш на телефон апликација се вика Duolingo и можеш да гп учиш било кој јазик
     
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.146

    Не сум задоволен од апликацијата.
     
  10. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активирам малце темава. Видов погоре има мислење за Duolingo, но би сакала да слушнам повеќе мислења.
    Ја користи некој апликацијава и ме интересира дали може солидно да се научи јазик од неа? :)
     
  11. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Јас ја користев кога прв пат почнав да учам германски. Сега пак во последно време се активирав и се уште сум задоволна од целото искуство. Според мене, помага доста околу запомнување на вокабулар. Една негативна страна што морам да ја споделам е тоа што околу граматика, овој пристап не ми е од голема помош. Памтам кога прв пат почнав да учам германски, граматика бев дупка. Знаев основни работи, но никако не ми влегуваа во глава падежи, промена на придавки, заменки и слично според лице, број, падеж. Иако кратко објаснување кај секоја лекција, кога станува збор за граматика, не можеш да се потпреш само на Дуолинго.

    Јас би препорачала симнување на книга (од оние кои ги користат на курс на пример Menschen или Schritte - овие се учење германски на пример, но ако изгуглате сигурно ќе најдете кои книги се користат на курсевите за останати јазици), тоа може да го направите на оваа страна, верувам ги има повеќето книги, како и останата литература (https://b-ok.cc/) и да ја следите програмата на тој начин а Дуолинго да биде само како додатна помош.

    Исто и https://memrise.com/ би ја предложила. Оваа може дури и подобра да е за учење на вокабулар. Има многу курсеви, можете и сами да си направите ваш курс па други луѓе да го учат а има и официјални курсеви што ги направиле самите луѓе од страната и такви има за повеќе јазици, на пример германски, турски, кинески, шпански и многу други.
     
    На Fantasy33 и g8lQQk им се допаѓа ова.
  12. Bezobraznata

    Bezobraznata Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам DUOLINGO си ја симнав на тел многу одамна и скоро 90% ми помогна да научам нешто,само единствена замерка ми е што не можеш да учеш некои јазици како Албански,грчки и некои др :)
     
  13. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Jас ја имам користено, конкретно за Шпански јазик. Солидна апликација, но мислам дека имаат пропуштено некои основни области и граматиката не е многу опфатена. Кога стигнав до одредено ниво ми се чинеше дека сѐ се врти во круг и немаше нови теми,туку сѐ беше повторување од претходните. Сепак, доколку ти е за лична употреба, а не професионална, може доста да се научи.

    Да не знае некој квалитетни страни за учење јазици онлајн?
     
    На Fantasy33 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Има додадено доста јазици меѓу кои и Грчки. Албански се уште нема, но можеш да ја провериш во случај да ставиле некој јазик освен Грчки и Албански кои би те интересирале.
     
  15. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Се цитирам сама за да не се повторувам, ама истите совети би ти ги дала и тебе во врска со учење јазици онлајн. Memrise има програма за учење шпански јазик.
     
    На BelieberYeahh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    13.969
  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Сите курсеви на удеми ми се до пола стварно се добри ама не можам да се сконцентрирам да ги довршам
     
  18. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Бесплатни се?
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Како сте задоволни со курсевите од Udemy? Ми излегуваат спонзорирани на Фејсбук и гледам дека скоро цело време се на огромни попусти. Поточно сум заинтересирана за курсевите за Дигитален маркетинг, ги отворив повеќето и читав ривјус, некои се ептен задоволни, ама некои викаат дека курсевите се преопшти и бегинер левел, ептен се теоретски а практично ништо не учиш и дека после гледале на Јутуб по 7 саати видеа за да им стане јасна одредена работа. Исто дека биле повторувачки и некои тутори ги тупеле многу истите работи. Моментално поминав неколку модули од бесплатниот курс на Гугл за Дигитален маркетинг, интересен е и забавен ама сега за сега е преопшт и не добивам некое практично знаење, па затоа сакав да разгледам некои други курсеви што се плаќаат. :)