Џемперите од ресервд дали се квалитетни? Ми се допаѓаат неколку ама немам ништо порачано па не знам што да правам.
Јас што и да сум земал од Reserved било квалитетно. Пред да дојдат кај нас во Мк, купував од Софија од истата продавница. Презадоволен сум.
Зависи, во секоја продавница ќе најдеш и поквалитетно и понеквалитетно. Јас воглавно сѐ што сум земала од тука било океј. Само што, пазам на тоа од кои материјали е шиено и гледам да ги перам и одржувам точно онака ко што пишува, бидејќи ништо од брза мода нема некоја импресивна издржливост па реално и од мало невнимание лесно се оштетуваат.
Сега читав коментари поназад за ризрвд...а направив порачка, ај за чекање ќе почекам ама ако не ко се бендиса нешто како ќе го вртам. Не сум од скопје а за брзо сигурно нема ни да одам.
Баш џемпер немам, ама сите имаме по дома алишта од таму, највеќе јакни, се ни е ок, квалитетно. На син ми јакната ја отепав од перење нема мрднато исто и на мм.