Здраво, имате ли искуство со moda.nmk или www.moda.mk истата онлајн продавница е ? Ме интересира квалитетот, се мислам дали да нарачам
Па за таа цена не може да се очекува кој знае каков квалитет, зависи што. имам порачано 3 пара за 1000ден класични панталони од кои сум задоволна и си ги носам на работа. Фармерки ако купуваш немој онлајн изместени им се бројките нема да си погодиш, директно од продавницата имам купено фармерки, на зара беа 600 ден и супер се
Еј шо се убави.За мене вакви само ниски сеа на фб ќе побарам Една има со негативно една со позитивно искуство влези у групава врши работа ептен.На лупата го бараш името на продавницата и некој ако ги спомнал ти искача
Јас имам позитивно искуство со Online Outlet Shoes.mk. Од кај нив нарачав два пара преубави чизми, ниски и високи од кои сум презадоволна.
И мене ме бендисаа некои работи.Кај ја отворив темава бе.. Имаат ли овие продавница? Гледам сликиве од продавница се
И јас сум задоволна. Исти се како во секое дуќанче од тој тип, со то шо има многу избор тука и поевтини цени. Сега ги гледав и се мислев дали да купам, ми отворивте беља.
Јас неодамна нарачав од овие. Исти се како на сликите, солидно изгледаат. Удобноста ништо посебно, не се нешто високи па не е страшно. Исти ми се како чевлите од Аванти, истите модели се во принцип.
Е фала ти, мене одамна ми излегуваат и овие црвенкиве многу ги меркам, сега чим имаш позитивно искуство ќе си ги порачам.
Иам ја вакви црвени Мислам истите се ај види? овие не знам кд кај се.На кутијата пишува Opposite, ваљда од таму се, ако се истиот модел, удобни се да знаеш, иам седено со саати во нив.Само ја пример иам кокалче на левата нога, и од шо се шпиц и картој лол, ме болеше малце. Не ми се големи иначе, тнко ми е ноџето @Ugly Duckling на журка, у ресторан јахаахахах Ќе се најде каде
Овие е оние Janni&Janni во Кисела Вода поточно на почеток на Центар веќе. Познав по сликите, ама овие работат онлајн само.
Истите се. Знам дека се удобни јас имам црни, ама сега нешто ме удри во глава и црвени сакам да имам.
Епа чим се таму, боље таму ќе пробувам.Мене ми е зезнато за избор.Ем носам 41, ем иам тенка нога и ми штрчат палците малце.Само чизми еднаш имам нарачано од Covery Shoes, среќа се погодија.Вака страв ми е. @Snowflake97 земи, ќе бидеме matching
Ејј ќути за број многу ми е заебано и мене, некој обувки ми се 39, некој 40, исто тенко стапало имам и јас, ама сега на среќа ќе играм со овие, се надевам од прва ќе ги погодам. Бтв: за многу работи сме.