Не, на инстаграм. Беа префини дури ми пратија модели со мојот број што ги имаат. Па ќе видиме во живо.
Здраво сакав да споделам НАЈЛОШО ДОСЕГА искуство со онлине купување. страната е Rose PetalS. Воопшто не личи на тоа на сликата а редовно купувам од други интернет страници и нешто волку преварантско не сум видела. Дали тие кои имате вакво лошо искуство може да ми кажете у случај да ме блокнат на ФБ може нешто да се направи за рефундирање на средства? Ова е линк до профилот https://www.facebook.com/profile.php?id=100085683558113
Девојки какво искуство имате со стрнициве за облека на инста што се? Пишете ми предлог од каде да нарачам
На странава пишале кашмир ролка за 400 денари, преземени слики со модели од којзнае каде и очекувате да ви стигне истиот производ...плус, профилот на продавницава е направен пред еден месец, очигледно е дека е превара. Инаку не, за рефундација не можеш да направиш ништо.
Инаку имам нарачувано и ролки за 400/500 ден од интернет и биле навистина убави. Затоа цената не ми беше толку сомнителна. А тоа дека е shady нова страна да. Досега сум немала лошо искуство со ниту една онлине страна ама оке за се има прв пат
Ако сакате да го знаете вистинскиот изглед на парчето купувајте од оние што користат свои слики, а не едниве исти слики што се ептен фотошопирани.
Дали имате нарачувано штикли и чизми од XL shoes? Јас си имам порачано неколку пати чанти и ок се биле. Ме интересира за броевите, како класичен ѓон е или да гледам еден број поголеми?
Имам нарачувано штикли и истите се од Janni janii Ili excess shoes, баш истите модели и марки само поефтини. Броевите се класични, барем за штикли за чизми не знам ама верувам дека е истото