Порачувам од фб страните Ивери бутик-Прилеп, Персин,Молини шус и Нептун бутик -Прилеп и сум презадоволна од се што сум порачала и од услугата.
Дали знаеш online outlet shoes каде се наоѓаат ? Сакам замена да направам за број ама ми требаат за во недела па за да не ги чекам по карго да си ги заменам сама..
Дали имате нарачувано од Ivet.mk дали сте задовилни и дали броевите одговараат со тоа што е прикажано пример М дали е М или поголемо, помало од тоа?
За овие Сарита Кочани немам коментар значи, не им е прв пат се грешка врз грешка. Порачаш нешто ти пратат погрешен број, па за замена едвај вратат па немат од тој број, и тоа што го порачаш не ти го испратат ако порачаш 5 работи ти испратат 2, или пак ти испратат погрешка нешто што не си порачал, а заборават тоа што си го порачал да го испратат. За замена одговарат по 5 саата и никако замена се немат и тоа по нивна грешка бидејќи пратат погрешен број или погрешна облека. Како муви без глави се, вејки, непрофесионални, ужас.
Така сигурно им одговара, прати тоа што имаш па игнорирај потоа. Многу ниско, а и тие едни безобразни што се..
@staycalm Спојлер: Предлози Моментално што ми текнува, ако се сетам и на Инста страни, ќе допишам https://www.zara.com/mk/en/ https://www.fashiongroup.com.mk/landing-men https://tudors.mk/ https://www.ivet.mk/mk/category/860/za-nego.html
@Avery Лично искуство немам, но пиши горе "azalea/азелеа/азалеа" (и на латиница и на кирилица) во пребарувањето само за оваа категорија и ќе ти излезнат повеќе мислења на членки кои имаат порачувано.
Имате ли нарачувано од Luxe Fashion Macedonia дали се исти како на сликата и големините дали одговараат со тие што им се? Пример Л дали е реално Л или е помало/поголемо?
Не се баш ажурни на инста. Јас нарачувам од нивната фб страница: https://www.facebook.com/Online-Outlet-Shoesmk-108652400842985/?mibextid=ZbWKwL
Имам нарачувано број С. И стварно е број С. Е сега зависи и од моделот. Пример некој поширок фустан С повеќе личи на М. Ама не очекувај квалитет, материјалите изгледаат евтино.
Пред извесно време ми излегуваше една страна на инста спонзорирано на стори, за долен веш и пижами, наметки…но не можам да се сетам како се викаше. Сте нарачувале од некоја таква страна онлајн?