Јас имам нарачано доста работи од тука и се е како на сликата,за тие пари супер е облеката коректни се и имаат брза достава
Видов на инстаграм наш бренд Шизик на ризик и баш ме интересира каков им е квалитетот, бидејќи како што гледам и цените не им се ниски. Скоро 3700 е еден дуксер.
Дали има некој нарачувано од https://basics-mk.com/? Има интересни парчиња ама ми е страв да не ми стигнат полиестер работи
Одамна нарачував, мислам дека се чекаше 10дена ако не се лажам. Не памтам што точно нарачав ама беше исто како на сликата, и бев доста задоволна. Само таа меморија ми останала, не знам колку ти помага
фала ти, ќе нарачам па ќе видам. најмногу ми е да не бидат тенки неквалитетни проѕирни материјали, а имаат убави специфични модели што ги немам баш видено во други поголеми продавници.
За квалитет не знам, ама имам лош впечаток за нив. Нарачав фустан, ја примија нарачката и ми рекоа дека ќе стигне за 7-12 дена. После 11 дена ми пишаа дека од фустанот што сум нарачала немале. Баш ми беше криво, ми се свиѓаше фустанот, плус се изнервирав дека им требаа 11 дена за да кажат дека немаат, ама се помирив. Наредниот ден ми пишаа дека имале, дека инстаграмот им се расипал и им се пратила пораката автоматски по грешка (НЕ).
Не успевам никако да нарачам од Мона,им пишав и меил на контакт,пријавив проблем,ама веројатно со неработниве денови нема кој да го прочита. Има некој порачувано од страната ? Некако како дефектна е,застанува на „заврши го купувањето“ и не продолжува понатаму.
Здраво, дали имате искуство со страната infinity lb? На инстаграм и фејсбук пиши дека имаат бутик во пробиштип. И ако некоја има купено дали е задоволна од облеката? Фала.
И јас приметив дека материјалот не им е квалитетен, а се поскапи со цени. За тие пари ќе најдеш нешто памучно и пријатно за носење.
Дали некој порачувал од XL Shoes на Фејсбук? Дали се моделите како на сликите и дали праќаат број и модел што треба, а не грешки и враќање да има?
zdravoo me interesiraat dali znaete nekoi instagram stranici za garderoba,jakni od kosovo dali nekoj narucuva onlajn