1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн настава

Дискусија во 'Коронавирус' започната од referentka, 29 јуни 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Бидејќи има интерес за ваква тема со дискусија нека се продолжи овде.

    Дали сте ЗА или ПРОТИВ и аргументи !
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Еве јас да почнам прва.

    ...може некаде во друга цивилизација.би била ЗА, ама во нашата држава сум ПРОТИВ.

    Зошто...
    Зароа што ми се допаѓа начинот на кој е организрана наставата.( да не навалагаме во детали дали нешто е нужно да се учи или не, тоа е друго прашање), дружењето на децата преку кое се социјализираат.
    Мое мислење е дека.од дома моето дете не може толку да научи колку што може преку присутноста таму.
    Јас не сум педагог ама и по цел ден не сме присутни дома за да можам да го контролирам детето што научило он лајн.

    Со еден збор, осеќам сигурност дека детето ми е образовно згрижено.
     
    На poi, Peperutce1115, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Не сум за.

    Друго е кога учителката ќе биде до него да му објасни. А и во школо кога е полесно му е со децата да го совлада материјалот. И во однос на тие наставни листови/контролни. Да напишат децата па да пратат на меил. Нема испрашување онлајн. Од кај знаат учителките колку научило детето.
     
    На poi, Peperutce1115, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    За.
    Дефинитивно.
    Имаме технологија, зошто да не?
    Можат и онлајн да испитуваат.
    Не мора да си присутна, ако знаеш дека наставникот предава.
    И на школо не можеш да си сигурна, ко така.. пошто не гледаш.
    Задача на наставникот е да им го задржи вниманието додека предава.

    Ако не е способен, нема ни во живо да знае како.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    @WildMk во нашето школо нема таква опција. Ќе видиме од Септември.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.548
    Реално треба да се одржува настава моментално. Пошто темава е во категорија "Коронавирус" претпоставувам за привремена онлајн настава е во прашање.
    Не може учениците/студентите да чмаат и цела година да мине така.
    Ама, може полесни задачи и вежби. Повеќе вметнат видео материјал оти така се полесно меморира.
    Факт е дека онлајн не може да го замени физичкото. Ама онлајн во полесна и поинтересна форма-зошто да не.
    Посебно е подобро за помали ученици.
    Може и да скратат пример да трае 3-4 саати и да во формат на едукативно предавање.
    За средношколци посебно стручни и студенти е тешко. Посебно вежби. Ниедно видео нема да ми објасни доволно пример титрација. Се додека не отидам во лаб. на вежби.

    Инаку убава е идејата и во Македонија да има онлајн школи ама по избор. Пример за студенти што се вондредни супер ќе е.
     
    На theowndemon, ElenaOfRivendell и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Сеуште нема одлука како ќе се изведува наставата од септември, ама имаат доволно време да обезбедат услови до тогаш
    Комбинација од онлајн и оф-лајн, може многу лесно да се направи.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Сум за, ако има интерес и казни може да се спроведе како што треба оти да не.
    Мислам дека може да е и поефикасно од присуството дирекно на настава. Доколку наставникот се организира и спреми може да излезе топ онлајн часот.
     
    На edna_malecka, Ahoy и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Тоа е проблемот.
    Сто пати повторив по темиве...
    Наставниците не предаваа кога почнаа онлајн.
    Воопшто немаше часови, ниту прописни писмени или усмени тестирања.
    Муабетот беше: Решете ги онака, дома и после пратете на меил.
    Ни камера уклучена, ни микрофон... и нормално, сите со препишување правеа писмени здачи.

    Не разбирам што им беше толку тешко, он-лајн да прават тестови и да предаваат?
    Па за тоа беа платени.
    Тоа им е единствената работна задача.
    А плати земаа цели, за разлика од многу други.
     
    На bittersweet, edna_malecka, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    А може пола од наставниците не се ни уклучија, никој од нив не дојде со спремна презентација која ќе ја раскажува на часот односно ќе ја предава лекцијата со презентација. Сите од наставниците ке се уклучеаа пола час нешто ќе помуабетеа и толку. Ама кога дојде ред за тестови пак си беа строги иако не одвоија пола час во тие три месеци да предадат лекција, битно платаа зимаа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    абе воопшто не предаваа овие.
    Ќерка ми заврши 8мо одделение.
    Од 12 предмети, само една наставничка им држеше настава.
    Една!
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Кога ќе почнат да им кратат од платата ќе видиме дали нема да се уклучат, секоја чест на некој школи каде што секој наставик се уклучуваше и имаа настава по редовен распоред, па дури и физичко. Ако се сака се може да се организира!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Е ајде де.
    Знаеш дека практично од памет им спуштија оцени на крајот?
    Ни една минута немаа он-лајн контакт со 11 наставници.
    Ни секунда.
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    37.948
    Пол:
    Машки
    Онлајн настава ДА, ама не како таа што беше.
    Значи не праќање задачи на Viber, Messenger или било каде и по некое видео од Едуино како што им праќаа, туку со секојдневен распоред како што имаат во школо и часови од по мин. 30мин. на Zoom, Microsoft Team или сл. каде што наставникот ќе предава како што би предавал и на час, а децата да учествуваат со прашања и сл.
     
    На Marija6165, ♡BuBaLe♡, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.284
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа. Иако треба подобрувања.

    Не губиме по 1ч и повеќе у јсп за превоз одејќи до факс и назад за предавања и за полагања.
    И повеќе време имав за учење вака изминатиот семестар. Не бев изморена како претходно, бев наспана и имав време да постигнам се да си научам.
    Јас секако сама дома се си објаснував и кога одевме на факс и учев од видеа на јт само што бев поуморна и губев време во пат до факс и назад и некако понапорно беше искрено и гужва и се.

    За вежби нема замена да. Вежбите може на факс да се одржуваат.
    Ама на предавањата онлајн имаше поголема посетеност отколку во амфитеатар и самите професори го забележаа тоа.

    Писмено во амфи и писмено од дома според мене е исто.
    Многу поубаво дури ми е. Не брзам да не закаснам до таму, опуштена атмосфера ми е, не ми е толку стресно.
    Практично усно е незаменливо ама еве сега со слики во замена за практично се направи некоја компензација и мене ми се виде океј.
    На пример препаратите хистологија онлајн се 100 пати подобри и поубаво се гледаат отколку на факс на микроскоп.
    Имавме и снимани видеа од асистент во кој ни беа објаснети препаратите и јас бев многу задоволна од нив. Поубаво сфатив и од на вежби таму. Зошто можев дома кога сакам и колку сакам пати да ги гледам и слушам.

    Усно преку камера исто ми е океј.
    Помал е стресот отколку во живо. :)

    Мислам онлајн настава е океј работа, најдобрите светски универзитети ја применуваат, зошто не и ние.
    Со подобрувања може да се вметне и во иднина.

    Нека има избор кој сака и вака од дома да се образува.
    Збориме за социјализација во училиштата, а колку деца се таму жртви на булинг и школото им е пекол. На овој начин би имало помалку жртви на булинг.

    Во врска со тоа колку положиле онлајн не ме интересира, си гледам за себе.
    Искрено јас сакам сите колеги да си завршат и да си положат, на сите се најдобро им посакувам, не се ситам на туѓа несреќа т.е паѓања, ни па ми е криво за туѓа среќа т.е положување.
    Што ќе си научам за себе ми е. Небаре на факултет па немало туку така полагање и завршување, ехе...

    Според мене ова е океј, се се пресметува и бодува електронски, нема неправда и кратење поени, колку си решил толку добиваш, нема потреба од чекање 10 дена и појше за резултати, веднаш има резултати и тоа е супер.

    Мене ми се допаѓа како се одвива се ова. (y)
    Има и големи предности отколку сите тие недостатоци што се кажуваат. (y)
     
    На lolitaspurgatory, senjorita-v, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Pelargonium

    Pelargonium Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2018
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Некако сум скептична дека ова успешно би се извело кај нас. Немаме ни средства ни волја кај надлежните за успешно да го спроведат. Да, има време до септември да се организира, ама тие си играат избори моментално и немаат време за суштински проблеми. Нема да споредувам со далеку поразвиени земји кога ние не сме дел од истите. Ова е мислење како ја доживувам државата во однос на спремност за вакво нешто.
    Од аспект на родител истотака не би сакала детето да следи настава онлајн. Мислам дека времето поминато на училиште и меѓу своите врсници е непроценливо. Децата заслужуваат и треба да одат на училиште. Можеби би одговарало во повисоките оделенија, ама кај помалите не гледам како. Денес ретко кој може да си дозволи пристоен живот со една плата, двајцата родители мора да работат и ќе нема кој да остане дома со тие деца. Мерката за останување дома со дете до 10 години може да се практикува само на државно, приватниците не толерираат баш многу.
     
    На Ucenicka123, Peperutce1115, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу за една комбинација од двете опции, (ќе зборувам само за факултет, бидејќи сум студентка моментално), поконкретно да си се одвиваат предавања во живо, како и до сега, но истото предавање да се снима и потоа да биде објавено на пример на веб страната на факултетот. Мене лично ова многу ќе ми помогне, а верувам и на голем број други студенти, од причина што, еве сама за себе ќе кажам, кога ми е менстуралниот циклус, ако е прв,втор ден во прашање и се погоди да имам тој ден предавање јас обавезно отсуствувам. Што поради болки, што поради немањето соодветни хигиенски услови на самиот факултет. Студирам на Правен, на Јустинијан, и неделно за еден предмет имаме по 3-4 часа предавање само еден ден во неделата, што значи дека ако отсуствувам тој ден, го губам предавањето целосно за тој предмет, а воедно и нели губам присуство тој ден, па ми намалува присуства потоа за земање потпис за предметот. Истово и за кога сме болни, настинати и сл.

    Но, сето ова остава и простор за манипулации од страна на студентите па затоа мислам дека присуството на предавања не треба да е задолжително, туку опционо, секој со својата свест и доблест сам кон себе.

    Мене најмногу ми одговара предавања на факултет, најголем фокус имам и многу повеќе се учи и разбира. Но, навистина мислам дека многу ќе ни помогне еден ваков систем, што ќе може да го следиш предавањето доколку си спречен физички да присуствуваш или пак доколку сакаш повторно да го преслушаш предавањето, да се потсетиш на некои работи и доаѓа како една помош при учењето.
     
    На Peperutce1115, Glowy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Кога сме во ваква ситуација каква што е сега, сум ЗА.

    Има многу начини за држење онлајн настава, никој не може да ми каже дека има пречки.

    Само ич не се потрудија во нашата држава за образованието во овие услови, секоја чест на исклучоци.

    Еве за помалите, од 1-9 одделение и онака имаат сите исти предмети, можеа да направат ТВ програма само за настава. Нека си има распоред, да си трае колку што си трае и во нормални услови. Малку наставници ли има низ училиштава, па да не можат сите да се организираат?
    Знам на МТВ имаше емисија, ама не верувам да имало некој ефект. Комшиката секој ден со малиот домашни пишуваше, наставниците секој ден нови задачи по сите предмети.

    Братот ми е средношколец, ни О од онлајн настава, пишуваа домашно и сликаа само. Оценките како тие од полугодие. Срамота.

    На факултет, НИЕ ги молевме професорите за онлајн настава, и тоа дури во мај почнавме. Колку да се каже дека се држело, по распоредот за мај одеа. А за материјалот од март и април, оставени самите да си се снаоѓаме како знаеме и умееме.
    А дека функционира, функционира и тоа како. Кафето пред тебе, слушаш како што никогаш не слушаш во амфитеатарот, никој не брмчи, одморен си, наспиен. Убавини.

    Колкави дупки во образованието само. Шта речи.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Да ми е детето прво одделение и да треба он лајн да учи букви и бројки , мислам дека детето не писмено ќе ми остане.
    Не ми се допаѓа седење пред лап топ и буљење во екран.
    Сакам живост и интеракција.
     
    На Ucenicka123, kukla21, Peperutce1115 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.175
    Допаѓања:
    37.948
    Пол:
    Машки
    Во нормални услови, секако дека да.
    Ама во вакви вонредни услови јас гласам за онлајн настава, ама

     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.