1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн полагање испити и колоквиуми 2020 - За или против?

Дискусија во 'Коронавирус' започната од ElenaOfRivendell, 1 април 2020.

?

Дали сте ЗА или ПРОТИВ онлајн полагање испити и колоквиуми?

  1. За

    57 глас(а)
    41,9%
  2. Против

    79 глас(а)
    58,1%
  1. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темава, со оглед на известувањето на МОН, дека сега со закон е одобрено да се полагаат колоквиумите и испитите онлајн. Дали на вашите факултети се одобри ова или не (ако да/не на кои), односно дали сметате дека е возможно сите предмети да се полагаат онлајн, и покрај специфичноста на некои полагања (практично)? Мислите ли дека онлајн полагањето би било веродостоен начин за положување и добивање оцена?

    Јас лично мислам дека не е веродостојно, и не знам како би се одвивало по некои предмети кои мора да се полагаат практично, односно не можат да се спроведат усно или писмено.
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2020
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Може линк да постираш?
     
  3. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    https://www.radiomof.mk/studentskite-pretstavnici-na-ukim-i-uklo-se-protiv-onlajn-polaganje-smetaat-deka-mozhe-da-ima-zloupotrebi/

    https://meta.mk/uss-so-onlaјn-polagaњeto-ќe-ima-manipulaczii-so-ispitite/

    https://www.radiomof.mk/mon-sekoja-...bide-prifateno-od-visokoobrazovnite-ustanovi/


    Не најдов конкретен линк за изјавата на МОН, ама во овие што ги најдов пишува зошто се УКИМ и УКЛО против, и споменато е како планирале МОН да се спроведат полагањата.
     
    Последна измена од модератор: 1 април 2020
    На f.girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Јас сум против. Треба да се полага кога ќе се смири ситуацијава, па макар и тоа да биде во јули. Ако биде онлајн мислам дека ќе има голем број препишувања и оцените нема да се веродостојни. Не е поентата да ги исположиме сите предмети, па во иднина кога ќе работиме да се чудиме од каде дошло тоа, пр. медицинариве кога нечиј живот ќе зависи од нивното знаење.
    Кај нас на факс имаше анкета и повеќето бевме против, но сеуште немаат официјално кажано што ќе биде.
     
    На mileystar, cresa-jagoda, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.433
    Пол:
    Женски
    Познавајќи ја државава и луѓето во неа сум против.
    Ќе има премногу манипулации, нереални оценки, лажно знаење. Целта е да се научи, не само да се положи.
    Инаку како идеја не е воопшто лоша. Зошто барем предметите што можат да се полагаат на тој начин, да не се полагаат. Сите ќе сме среќни со намален материјал по нешто. На тие што е потребно практично полагање, секако дека не може да се одржи. Но од идеја до реализација има многу. Сè додека не се најде решение каде што ќе се оцени реалното знаење идејава паѓа во вода.
     
    На fana, RainbowButterfly, SnowWhite8 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.427
    Пол:
    Женски
    Против сум бидејќи кај мене не сите професори реализираа онлајн настава а кај некои уште и немаме добиен материјал(плус сум ужас усно и кога на писмено вадам 10ка).
    На приватен сум и оваа недела се уплаќа за прв колоквиум и еднаш не дадоа целосно известување, туку секој ден се се менува а упорно викаат да пријавиме. Тешко ми е да замислам дека ќе биде целосно фер, но ми се допаѓа тоа што го дадоа како опција за да не се губи премногу, иако воопшто не сме спремни за вакво тестирање.
    Одлуката дојде избрзана и не целосно испланирана, едни викаат усно со камера, други ќе сме пишувале па документот ќе го праќаме по меил, некој викаа да пријавиме па кога ќе се вратиме на факултет во два наврати демек како колоквиуми да полагаме. Мене дали во јунска дали септемвриска сесија не ми менува, сега учам и само ќе повторам.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    5.369
    Пол:
    Женски
    Ние нема да полагаме колоквиуми, се ќе ни даделе на испит, ама ќе имало повеќе термини за полагање.
     
    На Rabbit 97, Glowy, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    635
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема да биде успешно, ќе има многу измами.
     
    На Glowy, cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  9. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    На мојот факултет ја одложија колоквиумската недела.
    А за испити како ќе биде не знам.
    За сите задолжителни предмети имаме онлајн часови и материјали ни праќаат во google classroom.
    Реално не знам како би се одвивало онлајн тестирањето, има многу простор за манипулација така.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден правевме пробен онлајн тест со еден професор, чисто колку да видиме како би се одвивало сето тоа. Па и не е баш лесно да се манипулира.
    Според мене ова е чиста глупост. Не секој има совршен интернет дома или 100% исправен компјутер итн. Што ако случајно снемам интернет или ми закочи лаптопот? Со тоа автоматски го паѓам испитот, што стварно не е фер.
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не само тоа. Дома сме, родители браќа сестри. Не секој има можност да се затвори во посебна просторија без некој да го вознемири со саати. Друго е на факултет.

    Иако освен онлајн полагање бар на дел од предметите, друга солуција не гледам. Во спротивно, месец јули ќр треба да полагаме испити па наредната сесија пак за 1 месец ќе дојде. Психички нема да издржиме
     
    На Stache, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.876
    Денес полагавме онлајн. На УГД сум. Не беше страшно, на заокружување 20 прашања, лесно поминавме сите.
     
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Препишувавте?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.876
    Да.
     
    На Glowy и candy.cane им се допаѓа ова.
  15. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Јас сум за, али 50-50. Да ќе има манипулации и нереални оценки али како веќе да нема такви работи на факултетите. Според мене, тоа што УСС се согласиле, целокупно дека студентите се против онлајн настава стварно не е ок. Подобро да пуштеа задолжителна анкета за сите студенти, да ни ги слушнеа нашите ставови и мислења и после да одлучеа. Ако веќе сакаат да ја запрат онлајн наставата семестарот на сите ќе ни пропадне, а и верувам дека повеќето ќе си ги сакаат парите назад. МОН нешто многу не гледам дека се ангажира.
     
    На Scorpiongirl12, glosipgirl и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.876
    Оценките можат да бидат само нереално подобри. А нас како студенти тоа ни оди во прилог. Не правете се сега многу поштени.
     
    На Ваљдрин., Scorpiongirl12, swizzlec и 4 други им се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Епа затоа не било страшно :D Кај нас сакаат усно да не испрашуваат (дали на видео дали во живо..)после полагањето онлајн.
    А колку и да ми е знаењето, усно ми пропаѓа се..

    Абе ни оди во прилог ама далеку од тоа дека ќе остане така и отпосле. Плус тој што не препишува нема ни дома да препишува, и обратно.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Оценките можат да бидат и нереално подобри и ако се седне да се учи и да се полага без препишување ама нели, не бива така. Јас заглавувам со некои предмети и пак не би да се нафатам онлајн да полагам каде што шансите да препишам се огромни, па потоа кога ќе дојде момент тоа знаење да го применам на работно поле да се чудам. Не секој факултет и не сите предмети можат да си дозволат полагање преку интернет.
     
    На Stache, cresa-jagoda, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не знаеш да се исконтролираш? Ако не сакаш да препишеш - нема.
     
    На Scorpiongirl12, cresa-jagoda, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.461
    Пол:
    Женски
    Точно така. Ќе се "правиме" поштени ама барем во иднина кога ќе работиме ќе знаеме што правиме. Која е поентата да завршиш факултет со препишување не ми е јасно...
     
    Последна измена: 3 април 2020
    На cresa-jagoda, Victorian, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.