Онлајн продавница

Дискусија во 'Барање работа' започната од dietalka97, 20 ноември 2016.

  1. dietalka97

    dietalka97 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Веќе подолго време размислувам да започнам да изработувам накит и други декорации, да направам моја страна на фб и да ги продавам.
    Но имам една дилема околу ова, што со плаќањето на данокот?
    Вакви страни низ фб можат да се најдат безброј, но одговор на прашањево никаде.
    Доколку некој од вас веќе работи ваков вид на работа или пак е повеќе запознаен со законот би го замолила за одговор.
    Исто така ме интересира дали ваквиот начин на работа се исплати да се работи.
    Сите мислења многу би ми помогнале :D
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Vaka, jas imam strana za prevod na fb, sigurno deka ne sum luda da plakam danok za sitna para. Ako ti plaka fizicko lice - znaci da ne e firma - na tvojata smetka, znaci na fizicko lice pak, mislam deka ne se plaka danok. Znaci zboruvame za sumi koi se positni. Mislam deka imase maksimum kolku pari taka mozat mesecno da ti prefrlat na smetkata bez da platis danok - nekoi 5000 denari. Sepak prasaj nekoj koj se razbira od vakvi raboti, nekoj advokat ili pravnik, a ne da se oslonvas na prepostavki na forumi fb i sl. Inaku mislam deka poveketo advokati bi trebalo da znaat legislativa za promet, za danok i sl, temata si e opsta i mora da znaat. Ednostavno odi kaj advokat - da ve prasam nesto ako mozi? i tolku. Inaku vaka na forum mozi i da razberis poluvistini ili netocni raboti - a kaznite za neplaten danok se visoki
     
    На dietalka97 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dietalka97

    dietalka97 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :D
     
  4. 9Natasa

    9Natasa Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да отворите ФБ страна за продавање на производи, имајте во предвид дека купувачите се добро излажани од тоа што некои поединци пробуваат да им го продадат.
    Имено се продаваат работи што ги има на пазар и се нудат како оригинални и по повисоки цени. А тоа што не им било испорачано, тоа е друга приказна.
    А и онлајн продавниците за да работат по закон, сакаат да соработуваат до фирми а не со физички лица, на кои нема да им го плаќаат данокот.
    Јас имам веќе 7год. онлајн продавница и во почетокот сум соработувала со физички лица кои изработувале накит, пињати, модни додатоци и сл. Сум им плаќала на договор за дело, преку авторска агенција.
    Сега исклучиво работам и соработувам со фирми.
    Со среќа ;)