Онлајн производи (искуства и критики)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Artemission, 12 декември 2013.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Последниве неколку години се повеќe е актуелен онлајн шопингот и многумина се решаваат да купуваат работи на невидено. Со оглед на тоа што истите производи може да се купат кај нас по двојно, некогаш и тројно поскапи цени верувам дека се исплати понекогаш да се 'ризикува' и да се почека повеќе време додека да стигне посакуваната пратка.

    Сигурно многу пати сте се нашле во ситуација да се двоумите за некој артикл дали да го порачате бидејќи неретко (случај со Кинезите) не е се така убаво како што изгледа. Продавачите понекогаш користат позајмени слики или нема доволно информации за квалитетот или големината па верувам дека секому би му било од корист да прочита критика за одреден производ.

    Пишувајте само искуства, совети, пофалби и критики за производи кои до сега сте ги купиле без разлика дали станува збор за накит, облека, обувки или козметика и постирајте слика за да биде попрегледно. Не постирајте само слики без никаков коментар.

    Па да го скршам мразот прва јас :)

    1. Купаќи реплика на Victoria's Secret од aliexpress
    Не очекував премногу и тоа го добив. Купаќиве за цената беа ОК ама не се ни приближно слични со тие од VS. Матерјалот е некако крут и делува како тешко да се сушат (не сум ги пробала сеуште). Бојата е посветла плава, горниот дел не е ни приближно сличен како на сликата, додека долниот е идентичен. Знаев дека ќе биде проблем тоа што има само 3 величини, а не може да се комбинираат и така испадна. Ете ги сега во плакар чекаат некои подобри времиња.
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    56

    Прикачени фајлови:

    • DSC01619.JPG
      DSC01619.JPG
      Големина на фајлот:
      31,3 KB
      Прегледи:
      7.726
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    7.441
    Artemission и јас се зафркнав со истиве купачи. Многу беа евтини и ај викам што да не, воедно ова ми беше и првата нарачка од алиекспрес, па сакав да видам колку е веродостоен описот на производот со тоа што е прикажано на сликата.
    Ме зачуди и што имаше многу добри коментари од другите купувачи. Инаку јас ги тестирав, горниот дел многу тешко се суши, треба буквално да го цедиш кога ќе излезеш од вода. Утнатиот модел јас го средив со тоа што му зашив едно материјалче на средината и го собрав да не биде така широко. Пробај врзи му некој материјал во чвор како за почеток, направи му машна или нешто слично, мене многу повеќе ми се допадна така.
    Инаку не ги користам редовно, ги чувам за резерва да се најдат, колку да не се џабе парите.

    Друго имам порачано накит и за него не се жалам, ист испаднал како и на сликите, некои парчиња можеби ме излажале во однос на големината, ама скоро секогаш сум била задоволна. Имам другари што имаат порачувано секакви тракатанци и на нив најголем дел од работите им биле погодени. Значи најчесто е добро, ама од време на време нема да ти се погоди, што е и нормално кога купуваш на слепо.
    Ама мене тоа не ми е проблем, затоа што никогаш не би дала премногу пари за нарачка од алиекспрес па да ми е жал. Единствено ме нервира долгото времето за достава.

    Најисгурни за тие работи ми се од Асос. Имам порачано обукви од таму, неколку фустани и кошула и се испаднало како што треба. Како било на сликата, такво е и во живо. Плус нарачката ти доаѓа за најмногу 2 недели, освен ако не начекаш празници, што е многу многу подобро во споредба со другиве.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    17.405
    Пол:
    Женски
    Еве некое лично мое искуство од алиекспрес нарачки.

    1.Маска за телефон
    [​IMG]
    Дека е кој знае колку квалитетна не е, пластична најобична е, ама горе долу добро ми го штити телефонот, иако ми пукна на неколку места,8 месеци ја имам и уште се држи.Во секој случај за 6 долари, добро ми се исплатеше.

    2.Федора
    [​IMG]
    Цена=3 долари. Убава е навистина, исто изгледа како на сликата, ама проблемот е што при транспорт како вдлабнатина ми се имаше направено и тешко ја исправив, без тоа поприлично би била задоволна.

    3.Фустан со птици
    [​IMG]
    Цена=10 долари. Навистина убаво фустанче, материјалот е лефтерен, таман за летни денови, исто е како на сликата, а и величината ми се погоди точна.
    Eве линк http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 31896.html сега е малку поскапо 13,50 долари.
    4.Инфинити шал
    [​IMG]
    Цена=3.30 долари. Прво читав многу ревјус за овие, и имаше доста добри коментари и решив да си нарачам, ама ми стигна нешто што воопшто не личеше на овие на сликата, освен нели сличноста по боја.Како прво величините немаа врска со тоа што таму беа дадени, не можам ни на врат да го ставам од што е тесно и е ко трака за во коса.
     
    На bubic.k, Hipster и Artemission им се допаѓа ова.
  5. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    56
    Ставајте барем линкој од производите,ако веќе не ставате слики ваши од производите,а мислам без слики се губит смислава на темава
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Нека линковите и сликите од самите производи бидат по сопствен избор.
    Ако има повеќе прашања за одреден артикл може да се добијат информации и по ЛП.
    :)

    @Giovanna
    Кај мене проблемот е што долниот дел ми е малку тесен, односно ме затегаат и излага спојлер така да нема тука многу што може да се направи освен да симнам некое килце плус или едноставно да го носам само горниот дел.

    1. Силиконски часовник Geneva од aliexpress
    Си купив 3 уште летово и тоа убави неонски бои и си ги изнаносев. Саативе за цената се феноменални, ептен се слатки и стварно немам никаква забелешка, а гледам кај нас ги продаваат истите три пати поскапи. Дефинитивно вреди да се чека за нив.
    [​IMG]

    2. Converse старки од aliexpress
    Ептен се изненадив што кога ги добив и детално ги разгледав не забележав ама баш никаква разлика со Конверсот што го продаваат кај нас, освен нели цената. Супер се, ептен ми прават мерак и имам намера да си земам уште некој пар. Бројчето мене ми се погоди ама имав порачано за другарка и нејзе и беа малку тесни па добро е да се внимава пред да се земе.
    [​IMG]
     
    На bubic.k, EMoonlight и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Само лоши искуства имам засега... :sweat:

    -Порачав костум, ми стигна поинаква боја и величина. Воопшто не беше како тој на сликата.

    -Порачав сако, ми стигна прозирно палтенце (не личеше ни на сако).

    -Порачав дуксерка, материјалот беше катастрофа, не вредеше ни 100 ден..

    -Имам нарачано патики, дел од материјалот на нив беше поинаков (пофушерски) отколку на сликата.

    -Фустанчето беше многу минијатурно, премалечко, отколку на сликите и наведените величини.

    -Малку накит имам нарачано, тој беше ист како на сликите.

    Воглавно, ако не очекуваш многу, ќе бидеш задоволен. Кога нарачувам си пресметувам дали за тие пари би вредело да го нарачам, знаејќи дека квалитетот ќе е потпросечен...
    (Горенаведените се нарачани од Ибеј и Алиекспрес)
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    75.681
    Пол:
    Женски
    Јас досега сум порачувала само од ибеј за 3-4 месеци преку 40 производи имам нарачано :lol: и еве ќе набројам неколку производи што сум ги нарачала :)

    [​IMG]

    ова фустанче го земав за ќерка ми,демек Барбери керка ми е 2,5 год и среќа што земав за 120 цм висина бидејќи кинезиве се помали од нас


    [​IMG]

    Лосион за тело и гел за туширање Келвбин Клајн - презадоволна сум , многу евтини ги земав едното е околу 6 евра а оригинал се проверив и во Сефора истите се , од Англија , за 1 недела стасуваат производите а продавачов има свашта , маскари , пудри , парфеми итн

    [​IMG]

    мат карминиве се закон , 6 евра е еден , има преубави нијанси и многу се долготрајни. И брзо ми стигнаа :!:

    [​IMG]

    незадоволна од плетенкава , порачав црна а ми стигна темно кафена

    [​IMG]

    преубаво фустанче и срерќа величината ја погодив. Го имам во црна боја

    [​IMG]

    преубав дуксер за ќерка ми и презадоволна од материјалот

    [​IMG]

    и ова фустанче е многуубаво , ќерками ко принцезичка е во него. материјалот горен е памук
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.299
    Допаѓања:
    17.827
    Кај мене пак се се само позитивни искуства, алиекспрес од мене има чиста 10ка

    Да се пофалам, денеска ми стигна палтенцево


    Исто е како на сликата! Совршено е, никаде не му штрчи конче, убаво стои, материјалот делува квалитетно, презадоволна сум ептен :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      507,7 KB
      Прегледи:
      7.443
    На Hipster и Artemission им се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    ^ Се мислам и јас за палтенцава веќе подолго време, матерјалот е мек памучен и растеглив (како блуза) или малку покрут? Големината како ти се погоди?
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.299
    Допаѓања:
    17.827
    Не се мисли повеќе :) Материјалот е мек, пријатен на допир, не е растеглив ама се приспособува на телото, многу убаво легнува. Јас порачав Л и димензијата е баш како што е пишана, бројчињата се европски. Инаку види со што ми стигна, се убив од смеење
    Еве од каде порачав http://www.aliexpress.com/item/ZA-2013- ... 68243.html
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, Artemission и Mjauu им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.867
    Допаѓања:
    121.332
    ^^ Го ставам во корпа и јас :D
    Инаку си имам јас големо искуство со алиекспрес и асос нели да го спомнам. Ама од асос нема што да се пожалам, си стига на време, материјалот како на сликата, величина како во табела. Се си било во ред.

    Е али.. кинезиве се малку по друга приказна.
    Инаку да почнам од палтињата. Порачав 2, едната е монтка, а другото е по елегантно, балтонче. На сликата изгледаа многу по дебели, но за жал не се. Балтончето е повеќе ко некое пролетно палто, додека монтката е добра, топли, иако не е изгледа дебело и не ме прави да не можам да мрдам со рацете :D
    Ама броевите- премали, јас сум ситна па немам некој проблем, ама со броевите треба многу да се внимава, минимум бројче поголемо од она што носите.
    Исто имам порачувано и блуза од облека, она си беше таман, и на број и материјал, апликации, баш како што беше прикажано на сликата.
    За накит исто не можам да се пожалам , се си беше во ред, изглед како на слика, не оштетен итн.
    Исто и маски и за тел имам порачувано, и тие си беа како што треба.

    Моментално ова ми текнува, чекам уште порачки,кога ќе стасат ,ако стасат оти прилично долго ги чекам, ќе ви пишам коментари.

    Не би да ставам слики, ако некој е заинтересиран за нешто нека ми пише лп, се ќе му објаснам :)
     
  13. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    [​IMG]
    Воопшто не изгледаат како на сликата, многу се тенки и веднаш се испупчија. Материјалот е за никаде.

    http://i00.i.aliimg.com/wsphoto/v2/...nd-designer-brand-leather-bag.jpg_350x350.jpg

    Ташнава е супер , иста е како на сликата , само што ми се расипа патентот многу брзо.

    https://s3.amazonaws.com/assets.svpply.com/large/2097896.jpg?1386306363

    Овие се предобри 2 пара си порачав многу топлат , само се без патент. Како хеланки се и преубаво стојат.

    [​IMG]
    И ова е супер. Се плашев дека ќе биде како трењерките , но не е.

    [​IMG]
    Од ова најмногу сум задоволна , предобро стои , исто е како на сликата, само што броевите се многу мали.
     
    На Ники., SimonaTino и Artemission им се допаѓа ова.
  14. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    206
    ^^ а каде ги порачувате ствариве?? дали страните од каде што порачувате работат со paypal или не? како се плаќа?
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.299
    Допаѓања:
    17.827
    Ова е страната http://www.aliexpress.com/, јас плаќам преку интернет картичка (виза) од стопанска банка.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  16. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    koritsaki, те молам линк од овој селер..
     
  17. KayaLena

    KayaLena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    689
    Девојки, сакам да ве прашам кога нарачувате еве конкретно од алиекспрес, дали трошоците се само тие што ќе ги одбијат од картичката или кога стигнуваат нарачките доплаќате плус царина, и ако се доплаќа колку од прилика, зборот ми е дали се исплати? :)
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.299
    Допаѓања:
    17.827
    Царина се доплаќа ако порачката е над 45 евра ама изгледа дека има некој измени зошто мене ми оцаринија пратка која беше 33 долари ( бидејќи беше во прашање накит, и тоа прилично масивен, си мислам да не било до тежината ) и платив 100 денари, други давачки немаш а дали се исплати е субјективно, јас би рекла да, многу :)

    Повеќе информации можеш да најдеш тука moda-i-stil/onlajn-soping-t2097/
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    75.681
    Пол:
    Женски

    Еве :) http://www.ebay.com/usr/onlinebeautybuys
     
    На imorena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    75.681
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напоменам погоре дека оваа јакна [​IMG] не ми стигна а толку се радував што ја порачав , за 13 евра кај/јакна ќе најдеш :( продавачот правел дубари и тоа за јакните само :@ ама тоа е ми ги вратија/парите важно

    Инаку вчера ми стигна блузава т.е. ја порачав за мајка ми :)[​IMG] порачав бројче xl и добро што тоа го порачав зашто мене ми е точна можеби малу широчка ама не се приметува сега ќе видиме на мајка ми дали ќе и биде :D инаку мнооогу брзо стигна дур и се зачудов и има џабе цена 5,60 евра