Јас да пофалам една друга страна Cherry Culture мислам дека никаде не е пишувано до сега за неа. Направив порачка на 20 Мај (пишав и тука) и за десетина дена односно вчера ми стигнаа производите. Совршено спакувани и се во нијансата што ја побарав. Страната е Америчка, има плус трошоци за шипинг ама се сепак разумни. Дефинитивно не се исплаќа за една или две работи ама ако се повеќе да. Имаат само декоративна козметика и тоа брендови што ги нема кај нас. Се плаќа со картичка и е многу едноставно.
Koritsaki не сум ги пробала сеуште, освен на рака За карминчињата знам дека се добри, другарка моја имаше неколку па ги имам пробано од неа. Преубаво мирисаат, во план ми е и мене да си земам уште неколку зошто ми се свиѓа многу кремастата структура. Посебно ми се свиѓа карминиот (тој темно виолетовиот ма да на сликава баш и не се приметува), бојата му е феноменална и едвај чекам да го 'носам'. Пудрата треба да е за комбинирана/мрсна кожа. Нијансата се надевам си ја погодив, Medium Beige SMF06, малку потемна ама намерно за да ми одговара на тенот преку лето. Ќе ја пробам деновиве и ќе пишам во соодветната тема подетално.
Супер баш ми е мило што ти стигнале. Јас ги имам овие продукти и ми се топ ако некој нарачува http://www.cherryculture.com/cosmetics/makeup/milani/milani-baked-bronzer/17578&cat=334&page=1 нема кој да не ме праша во лето што имам ставено http://www.cherryculture.com/cosmetics/makeup/nyx/nyx-bronze-smokey-look-kit/17473&cat=321&page=1 сенките се топ а кармините баш и не ги користам - не се по мој вкус
Кога сме веќе на тема семињава - имав читано за шарениве ружи (од ибеј) дека всушност се обични бели ружи и треба сам да си ги боиш, односно кога ќе пораснат, ја сечеш рачката вертикално на 3 дела (или колку сакаш бои и ја ставаш во три чаши со растворена боја (може и онаа за храна) и таа ќе поприми и ќе се обои сама Spoiler Дечко ми нарача - почна нешто да никнува, што ќе излезе ќе видиме Jас нарачав патлиџани, ги посадив, кога и АКО имам резултат ќе пишам и за нив
А да те прашам што мислиш за консилеров? Ептен ми фати око ама се мислам пошо незнам дали ќе си ја погодам бојата
^ Денес го сефтосав и еве фрлам сега поглед во огледало да видам во која состојба е. Нијансата ми е скроз погодена, beige земав со оглед на тоа што сум сега малку потемна и не сакам да ми двои, ама ете гледам ми се собира кај ситните брчки под очите, ги истакнува до лудило и тоа страшно ме нервира. Не знам зошто ама уште кога го видов вчера претпоставував дека ќе биде таков исходот со оглед на тоа што е многу кремаст и тешко се засушува. Имам пробано многу и со сите го имам истиот проблем освен на Misslyn, така да тој сепак ми останува на прво место. Оценка 4/10 само заради покривноста. Ако го оценувам за трајност би дала 0 со оглед на тоа што два часа не го носам, плус го фиксирав со камена и пак успеа да се напика кај што не треба.
Ми стигна за 20тина дена, го земав белиот. Се плашев да не биде проѕирен ама за среќа не е. Задоволна сум, материјалот е прилично добар, бојата е валкано бела, коланот само не ми се допаѓа. Убаво беше спакован, ми испратиле и резерва копчиња и од тие бисерчињара. Ете го и селерот: http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 29714.html
Исто така ми текна да те прашам, во врска со фустанов - дали нарача еден број поголем од тој што носиш, или според дадените мерки таму? Јас до сега 2 пати нарачував фустани, еден број поголеми со цел да ми бидат точни. Носам М, а порачувам Л и кога ги пробувам ми се точни, иако мислам дека можам да си влезам и во М, што си носам секогаш
Во случајот нарачав 3 броја поголем од тоа што носам, најчесто носам С, а порачав ХЛ. Се водев според димензиите што беа таму дадени и ми беше битно во должина да ми биди точен, па потоа си мислев да го преправам по страните ако ми биде широк. Кога го пробав скоро и да ми беше точен, нема потреба од преправање, кога го ставам коланот не се забележува дека ми е малку широк во горниот дел. Одговара на големина М највеќе.
Некаде и на некој ветив дека ќе го ставам комплетот кога ќе ми стигне. Па денес ме изненади чичко поштар. http://www.aliexpress.com/item/Wholesal ... 80158.html
Дојде денес и моето фустанче материјалот е преубав ,презадоволна сум а и многу брзо ми стигна http://www.ebay.com/itm/371040853535?va ... 1439.l2649
На мое огромно задоволство сакам да ви пофалам страна каде се е БЕСПЛАТНО... Односно добивате бесплатни примероци.Се што треба да направите е да се зачлените на страната. Значи ова не е бесплатна реклама туку страната случајно ја најдов и како што можете да видите примероците стигнуваат. Па ДРАГИ МОИ ДА БИДЕМЕ И НИЕ ДЕЛ ОД СВЕТОТ КАДЕ СИТЕ ДОБИВААТ БЕСПЛАТНИ ПРИМЕРОЦИ од новите парфеми , шампони исл. Значи немојте да очекувате 100мл- тоа нема да го добиете но тестерче ке добиете. Секој ден ке добивате меил за нови производи , купони за попусти исл. На некои од страните ке ви каже дека немаат достава до Мкедонија -тоа е што да правиме , но на некои тоа го може. Во прилог е мојот тестер од новиот парфем на Ескада . страната е http://www.myfreeproductsamples.com Воедно сакам да кажам дека ужасно сум лута на поштата што ми го собра булгари примерочето ( тоа беше 5мл парфем) наводно не ми стигнал а мене ми стигна маил дека е стигнато. Е сега затоа што се работи за примероци неможете да барате да го пратат пак. Ама тоа е таква ни е земјата. p.s. Вчера даваа бесплатна маскара на Мајбелин ама само на првите 500 не го фатив затоа треба веднаш да го отворите меилот кога ке ви стигне
Дел од производите што ми стигнаа во текот на оваа недела... Материјалот е одличен, само е подолга од тоа што очекував. - http://www.ebay.com/itm/310947184807?va ... 1439.l2648 Задоволна, мек и пријатен материјал. - http://www.ebay.com/itm/Fashion-Women-C ... 5af8d45a42 Прекрасен е моделот. - http://www.ebay.com/itm/Celebrity-Ladie ... 2a3e14e4aa И најдов примена во повеќе комбинации, иако не очекував. - http://www.ebay.com/itm/HOT-Sexy-Women- ... 54079ac27a Белегзиите и прстенот се купени на аукција и ми се најомилени. И останатите работи се о.к.