Сабајлево ми стигнаа. Ги нарачав од овде https://www.cherryculture.com/index.php на 18.09, а стигнаа денеска. Супер задоволна и нијансите погодени ептен, абе мераци.
Eве ги и штиклите Не ги очекував денес искрено, ми се јавија од пошта да одам да ги подигнам. Стасаа точно за еден месец, супер се никаде не се оштетени, ептен сум задоволна.. Сега не може да е се идеално нели, за едно бројче ми се големи, вечер ќе ги носам кај чевлар за да прашам дали може за едно бројче да ги надополни ако не влошки му е лекот Слика линк од селерот http://www.aliexpress.com/item/2014-New ... 42756.html
Стигна мојата прва нарачка од iherb.com за само 20дена Презадоволна сум од тоа како се беше спакувано,а исто така и од производите
Ме интересира како ти стигнаа производиве-во пакет дома ти ги донесе поштар или беше во пошта да си ги подигнеш? Плати ли царина? Пошто се витамини и чаеви, не ти правеа никаков проблем на царина кај нас? Фала однапред за одговорите!
Оваа пратка ми стигна за околу еден месец Многу е убаво, што е важно е дебело и топли Бојата е за некоја нијанса поразлична од тие сликите на АлиЕкспрес но нема врска пак си е убаво И за бројчето нешто, јас носам С/М повеќе М, и нарачав М бидејќи според мерките на табелата така испаѓаше, сметав дека нема потреба за број поголемо од тој што го насам да порачувам како што е случај со другите нарачки, и да ви кажам дури и ми беше пошироко па морав малку да го стеснам. Иначе еве линк од селерот :up: http://www.aliexpress.com/item/2014-new ... 37346.html
И мене ме интересира дали плати шипинг? Според тоа што го гледам на страната, за интернационална пошта, шипингот започнува од $9.35 па нагоре... дали има некоја поевтина варијанта?
Ми стигна картонче за да си ги подигнам во пошта бидејќи беа спакувани во поголем пакет.Царина не платив бидејќи се придржував до износот 45е за да избегнам царина.Не прават проблем бидејќи се витамини и чаеви доколку се нарачува апчиња антибиотици и сл тогаш мислам дека прават проблем Јас веќе си спремам втора нарачка
Ме интересира дали го проба чајот за слабеење Herbal slimming tea и како ти го поднесе организамот? Фала ти
http://www.lookfantastic.com/macadamia- ... suggestion Чешелот е многу добар , јас го земав 8 евра од 10 на попуст , овде кај нас по фризерниците е околу 18 што никогаш не би дала толку пари за чешел може да се користи за мокра коса и сува многу лесно ја расплеткува , и најважно не ја кине косата
Коректори, ми стигнаа денес. Ги немам пробано уште, но мислем дека се убави Еве линк од селерот http://www.aliexpress.com/item/New-2014 ... 27057.html
Денес ми дојде блузава од Кина презадоволна сум многу е мекана и баш е за во зима и четките од Real Techniques од Iherb.com преубави се , влакната се многу меки но се уште не сум ги пробала сакам сега да ја порачам и таа за течна пудра
Денес ми дојдоа и сенките на Sleek Ultra Mattes V2 Darks , препре задоволна сум , боите се феноменални , исто така ми дојде и многу брзо од Англија , убаво завиткани и ниедна не е оштетена. Која сака добри сенки што оставаат многу јака боја само со мало поминување со четката , има голем избор на нијанси , а и не се скапи за ваков квалитет нека си порача. Следна на листата е Snapshot I-Divine http://www.ebay.com/itm/301164700644?_t ... EBIDX%3AIT а еве и слики
Пред некое време ми стогна Naked 3 палетата, нормално фејк, но во боите како што споредував е многу идентична на оригиналот. Само фејк си е фејк, некако не ми е баш нешто кога се нанесува на око, како да се губат светките кога ќе се нанесат.