Денес ми стигна ланчево од ибеј. Подоцна ќе го поставам линкот од продавачот моментално нешто не работи линкот . Инаку преубаво е
Често порачувам онлајн.Порано знаев и јас тука и таму понекоја работа од Алиекспрес но престанав.Не бев задоволна од мн работи.А и истите ги носат кај нас по битпазар и сл.Но има исклучоци секако Сега највеќе од Асос порачувам.Понекоја работа што ќе ми фати око.Една од Нив е и оваа крзнена капа со уши и како шал надоле со џебови. Ја порачавме со сестра ми.И премногу сме задоволни. Крзното е преубаво,меко, а од внатре е фатирана капата и ќе топли доста зимово. Имаше мал попуст дента кога ја порачувавме и за 18$ ја земавме. Сум гледала и кај нас доста вакви или слични,но крзното катастрофално било,утуткано.А ова е сосема другачие,а не е ни скапо.
http://www.aliexpress.com/item/s15-...back-chiffon-sexy-casual-Plus/1963649606.html Spoiler: Како изгледа на aliexpress Фустанчево го имав нарачано 21 јули, 2+ месеци немаше мрднато од Кина и се испокарав со продавачот, ми ги вратија парите и на крајот ми го прати како поклон и ми стигна денес.Не можам да го доловам убаво на слика а и ептен изгужвано е, црно е, исто е како на сликата, малце така големко ми е, ама за тоа се наоѓа решение.Материјалчето е ептен пријатно, и за лето ќе биде одлично.Гледам веќе го нема кај овој селер, ама го имам гледано низ повеќе продавници на Али.
Денеска конечно ми стигна фустанчето за малата. Го нарачав на 14ти окт и за 3 недели ми стигна. Инаку задоволна сум од фустанчето исто како на сликата да го шиев немаше толку да и го погодам
Вештачки трепки - http://www.aliexpress.com/item/New-...ye-Lash-Makeup-Extensions-218/1888274436.html 10 пара за само 1.49$! Презадоволна сум, само уште да се научам да ги лепам. Долги се, па ако имате покрупни очи ќе ви одговара. Мене ми се допаѓа како изгледаат кога ќе се стават, не изгледаат ептен вештачи. Единствен минус, што не е кривица на продавачот, е доставата. 2 месеци поминаа додека да стигнат, веќе се откажав од нив. Четки за сенка - http://www.aliexpress.com/item/Top-...-Cosmetic-Brushes-b8-SV000968/1901996991.html 5 четки за 3.14$. Може да се каже дека сум задоволна со оглед на тоа што ниту една четка од овие не е добра за нанесување на сенка, но сите одговараат за блендирање. Самите влакна се синтетички и меки, што е плус бидејќи не ја иритира и гребе кожата на капакот. Доставата овој пат побрза, за некои 2.5 недели.
Пак јас Бјути блендер - http://www.aliexpress.com/item/Love...Makeup-Cosmetic-Powder-Sponge/1946161377.html Ми стигнаа завчера, ама не успеав да ги испробам, затоа ќе напишам како изгледаат. Убави се, набиени, не се лесни како тие триаголните сунѓерчиња. Изгледаат квалитетни, ама овие ми се први бјути блендерс, така да немам со што да ги споредам. Како и да е, не се скапи, ги земав за 0.84$ парче, мислам дека се добра зделка. Ми стигнаа за неполни три недели од нарачката.
@Avenged ако може малку повеќе информации за производов јакна/кошулка? Ми изгледа тенко, затоа не знам во која категорија да го ставам, а многу ми се допаѓа И според мерките на Али, ми изгледа мало т.е.ракавите пишува дека се 58cm, а јас кога нарачувам, знам дека 65 cm должина на ракави ми одговара најмногу (според мерките за М/L бројче).. Вака кога купувате облека, би сакала повеќе инфо(дали е погодена големината и слично), сепак е тема за рецензии
Го имам истото и материјалот е како кошула, тенко е ама супер стои. Јас порачував од ибеј и немаше бројчиња туку беше само стандард и океј е. Воглавно задоволна сум.
Да ја споделам мојата смешна сторија за да си знаат оние кои планираат да нарачуваат свечени фустани за смешни пари . Го нарачав овој фустан од овој селер: http://www.ebay.com/itm/35116144530...49&var=620354777624&ssPageName=STRK:MEBIDX:IT Еве што добив: Сликата ми е со лош квалитет ама сепак може да се види што сум добила. Релативно брзо ми стигна, материјалот е многу лош онаков што светка и се растегнува, не ми текнува како се викаше материјалот, онаков бе ко бициклистички што се носеа на времето Му пишав на селерот дека не сум задоволна, да ми го препртати фустанот како што е опишан и како што е на сликата или да ми ги врати парите. Му пишав дека доколку не го направи тоа ќе му ставам негативен фидбек и целосен опис плус слика од фустанот. Немав одговор една недела и се обратив директно на сајтот ebay во случајов на одговорните и го пријавив случајот, ми пратија меил дека ќе добијам одговор за 48 часа да го разгледаат случајот. Подзаборавив малку на ова поминаа и повеќе од 3-4 дена, случајно отварам меил и гледам порака дека ми ги рефундирале парите. Прво не ми се веруваше ама си ја отворив сметката на нлб и ја имав точната сум што ја платив за фустанот и плус парите што ги платив за шипинг. Океј не беа којзнае колку пари во прашање ама мило ми е што ми ги вратија 800 денари иако воопшто не очекував и не се надевав дека ќе има некакв соработка ниту дека ќе добијам пари назад. Воопшто и не ми пишаа да го вратам назад фустанот, а да го враќам сигурно ќе ме чини поскапо одколку што го купив така да нема смисла за тоа. Тешко дека уште еднаш ќе се одлучам да нарачам гардероба од тука.
Еднократни четки за маскара - http://www.aliexpress.com/item/100-...ra-Wands-Applicator-Rose-Shop/2040081684.html Очекував дека ќе бидат нешто слично на еднократните вилушки и лажици, таков квалитет, ама ме изненадија позитивно. Четката е убава, може да се спореди со тие на маскарите. Рачките исто така се убаво направени. Искрено, жал ќе ми биде да ги фрлам после една употреба. Цената по која ги нарачав беше 3.58$ за 100 парчиња, а истата е и сега (без попуст). Доставата - 3 недели.
леле мимс, и ја чекам фустан од истиов продавач досега ми се нема случено нешто такво освен во летото што порачав едно фустанче и мнооогу кратко ми стигна. Инаку овој фустан го порачав и кај и да е ќе треба да стигне па се надевам нема да е некое такво безвеза http://www.ebay.com/itm/35119105004...49&var=620379695034&ssPageName=STRK:MEBIDX:IT
Секогаш кога е на слика некоја позната личност, мене ми е сомнително. Не може истиот да е што го носи Ким. Гледајте кога порачувате да го видите и на закачалка или да не е на некоја фацка или модел.
Од buyincoins: http://www.buyincoins.com/item/6988.html#.VG4SzDTF9H8 http://www.buyincoins.com/item/3320.html#.VG4SzTTF9H8 ги немам испробано скоро стигнаа ама убаво изгледаат, тврда пластика се http://www.buyincoins.com/item/43180.html#.VG4S1jTF9H8 убави и лесни не тежат воопшто на уво http://www.buyincoins.com/item/32673.html#.VG4SxDTF9H8 Пошто кај нас нема интересни цуцли ја порачав оваа за едно бебе, повеќе е за смешки купена незнам дали е добра за забите не се разбирам http://www.buyincoins.com/item/11357.html#.VG4UojTF9H8 и ова прстенче, малку е мало бројчето а една големина се ама на моите преслаби прстиња ми беше таман