Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн производи (искуства и критики)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Artemission, 12 декември 2013.

  1. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    http://m.aliexpress.com/item/185137...cal-Wrist&tracelog=wwwdetail2mobilesitedetail


    Започна мојата приказна со алиекспрес... Ја добив првата нарачка и сум презадоволна...саатот изгледа дури и поубаво од наведеното,навистина неможе да се долови (или јас имав помали очекувања) . Го купив 16$ и мн брзо стигна..за две недели, одлична комуникација со селерот..е сега нз зошто на пакувањето пишува вредност 8 $ (ваљда за царина)...

    П.с се обидував слика да закачам но некако не ми оди од мобилен :( ќе ви останам должна
     
  2. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
  3. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    И мене денес ми стигна таблетот за околу 23 дена за 1800 ден. супер е, a јас му се испокарав на селерот зошто неможам да го следам :lol:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.760
    Пол:
    Женски
    Ај сликај го таблетот и дај линк од каде го нарача. И пофали се дали го бива. Оти ми треба за дете за во кола на подолги релации, не за дома, па да не давам пари за некој поскап што ќе ми го треска од земја.
     
  5. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски

    Еве слики неможам нешто да се најавам за линк да копирам после ќе пробам и ќе ставам. Стигна многу рано требаше да стигне пред нова година, но баш се изненадив бидејќи стигна рано, добар е симнав јас повеќе апликации, не кочи па че видеме понатаму :)
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole, cooll, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    http://ru.aliexpress.com/store/prod...-4-0-with-External-3G/1222088_1836664251.html
    Еве линк :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    RealGirl а колку време држи батеријата на таблетот?
     
  8. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Neznam vcera go napolniv denes ima okolu 70%, ne veruvam deka mnogu ke drzi pa ke videme :) (se izvinuvam za fondov od tel sum)
     
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.711
    Кревет за мачки - http://www.aliexpress.com/item/2012...e-Yellow-Brown-rose-red-SIZE-M/814617953.html

    Убаво направен, страните се полни и дебели, долниот дел е потенок и се вади, а одоздоле има црна тенка постава од некој си памук. Ириска е задоволна, веќе спие во него. :D
    Нарачав големина М, за неа е таман, ама ако ви е за покрупни мачки подобро L нарачувајте. Нема никаков лош мирис на кинеско, што е супер, бидејќи ни една мачка нема да спие на такво нешто.
    Цената по која го нарачав беше 5.94$. Стигна за неполн месец.

    IMG_20141209_010836.jpg IMG_20141209_010821.jpg
     
    На piksooki, glittergirl, naturally и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Денес после скоро месец ми стигнаа четките што со нетрпение ги очекував :sun: Скоро сите ги нарачав од iHerb, освен четката на NARS (Ita Brush што ми беше најголема желба да ја имам) која ја земав од една рандом страна Bluewind Beauty. На радоста и среќата им нема крај! ^_^

    IMG_20141209_185300.jpg
     
    На glittergirl, Mrs.Bass, Juicy и 27 други им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.711
    Cat harness - http://www.aliexpress.com/item/Free...er-Collar-Harness-Clasp-black/1883269449.html

    Направен е убаво, не е нешто фенси, обичен е, па затоа и цената му е пониска, за 1.94$ го земав. Описот кај продавачот соодветствува со тоа што го добив. Не ми се допадна пластиката за закопчување (не знам како точно се вика :D), додека ги закопчав страните Ириска трпеше, ама после додека ги откопчав ме изпогреба, пластиката е виновна! :envy:
    Доколку нарачувате вакви работи, мерете го вашето животно затоа што може и мало да му биде.
    Ми стигна за 30 дена од порачката.

    catharness_ali.jpg

    Лампиони - http://www.aliexpress.com/item/20pc...-Nightlight-flasher-Christmas/2041838630.html

    Преубави се, ептен ми се допаднаа. Од технолошки аспект, не можам да кажам дали се LED или HALO сијаличките, ама доколку ве интересира пишете ми лп и ќе се потрудам да дознаам.
    Кај мене еве веќе 2 саати работат без престан, уште не прегореле, добри се значи. :whew::rofl:
    Имаат дел каде што можеш да поврзеш и друг пар на такви сијалици, што е супер, ќе треба само еден штеќер. Материјалот на топчињата е некој вид на дебела хартија, барем така се осеќа на допир.
    Ги земав за 11.40$ и ми стигнаа за 30 дена од нарачката.
    sijalici_ali.jpg
     
    На lovemme, cooll, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.583
    Пол:
    Женски

    Преубави се лампионите :) јас изнададов пари ,а баш гледав лампиони и сијалички на ибеј се за џабе пари. Ајде здравје за др година памет во глава и од ибеј или алиекспрес ќе си порачам
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.711
    Можеш уште од сега, закачи ги кај ќерка ти во соба, има да им се радува, навистина се преубави. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Ми стигнаа патиките и ланчето, убаво беа спакувани и за брзо време стигнаа8)
    Набразина ги сликав сликите со таблетот и затоа не се баш нај нај, ама пак се гледа :)
    За прво порачување од али експрес презадоволна сум :talk:
     

    Прикачени фајлови:

    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Ги меркав четкиве за шминка доооолго време и постојано пребарував, споредував цени, искуства и слично. Нормално барав со што пониска цена. Ги најдов овие и ги начекав на попуст, иако немаше многу нарачки, оние што нарачале - оставиле позитивни коментари.
    Многу се убави, меки, големи. На нив има ознака Bobbi Brown и пишува дека се изработени од Goat Hair. Здравје, ќе видиме како ќе се покажат, битно меракот ми беше голем и многу им се радувам :D

    http://www.aliexpress.com/item/TOP-...iletry-Kit-Wool-Brand-Make-Up/2005882275.html

    WP_20141216_11_25_32_Pro.jpg WP_20141216_11_26_12_Pro.jpg WP_20141216_11_26_36_Pro.jpg WP_20141216_11_27_14_Pro.jpg
     
    На Lilit, anuskaNESTLE, Giovanna и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Dali on iHerb vrsat dostava do Mk i kolku se doplaka
     
  17. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    ^ да мислам 4 долари
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да, вршат достава ама повеќе не е фиксно 4$ туку е во зависност од тежината на порачката, но во секој случај не е неразумно висока. Од друга страна ако нарачаш само една/две ситни работи доставата може да е и пониска од 4$ што е добро за оние кои не купуваат во големи количини.
     
    На slimsblue му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    1.Charm bracelet - цена 0.19 долари.
    10859334_10205385033402323_1749524027_n.jpg

    Прво голема благодарност до @SV1911 за линкот :D Алката за тие пари изгледа неверојатно добро, сите дома ми рекоа зошто не сум порачала повеќе, и сега ми е криво:lol: Изгледа убаво, богато, малку ми е широчка, ама во глобала сите алки ми се широки.Многу задоволна.А да, и доста бргу стигна.
    http://www.aliexpress.com/item/Cand...ystal-Flower-Cuff-Bracelet-20/1897060832.html
    [​IMG]

    2.Bugs Bunny џемперче/фустан - цена 9.78 долари.
    10850870_10205385032722306_1649681036_n.jpg

    Не е сечиј cup of tea, ама лично многу ми се допаѓа и сакам да носам вакви работи.Е сега, широко е доста, a free size e, може да се носи и како t-shirt dress и таман покрива .Не е така дебело како што ми изгледаше на aliexpress, aма материјалот е многу пријатен.И исто пристигна доста брзо:)
    http://www.aliexpress.com/item/NEW-...weatshirts-dress-loose-Casual/2027805615.html

    [​IMG]
     
    На koritsaki, joy1, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.711
    @sweet-cherry да не се измачуваш дека не си порачала повеќе од една, ќе ти кажам дека ограничени им беа количините тогаш и беше дозволено само по една да се нарача . :D
    Во таа продавница речиси секогаш се на попуст, околу 3$ горе доле им варира цената.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.