Дали имате нарачно од лиска и ви стигнал грешка производ. Многу им е чуден начинов на рекламција. Треба да го вратиш производот и да ти одобрат рекламција. Ама со оглед што ми е згрешена нарачката не сум сигурна во нив. Па дали има некој искуство ?
Никогаш, ама буквално во ниту еден случај не нарачувајте од страницата на Sport Reality. Ем што ми пратија погрешна нарачка ем јас испаднав виновна што ми пратиле погрешна величина од јакната(која е достапна на нивниот сајт, а ми пишуваат дека не можат да ми испратат, па побарав рефундација на средства)!!! Такво безобразие од страна на некој вработен кој треба љубезно да се однесува со клиентите одмана не сум сретнала!!!
За некои продавници, ако не ви враќа некој овде, на Фб имате група се вика Ѕид за онлајн измами Влезе у групата, и имате лупа нели, искуцајте име на продавницата и ќе ви искочи ако некој прашал/пишал за нив.
Јас од неколку што порачувам се супер, најмногу порачувам од Нептун, Лени, Персин, од овие имам супер искуство, и ако има грешка заменуваат без проблем. И од други имам порачувано ама од овие најмногу.
Јас првпат нарачав од кај нив тренерки и дуксерка во петокот, еве вчера ми стигнаа. Материјалот многу ми се бендиса и на тренерките и на дуксерката и баш се исти како на сликите. Вака се коректни, јас сум задоволна.
Имам нарачка од Алиекспрес и пишува Пристигната во наизменична пошта (излез), но тоа е на 22 декември. Дали вреди да одам во пошта и да видам или ќе ме вратат?