Барав ваква тема но не најдов. Не е за лични тренери во теретана туку онлајн менторство и водство. А не е од скоро, од ковидот наваму се појавија многу онлајн фитнес тренери на Балканот. Прво почнаа србите, еве сеа и нашите. Секој ден никнува ново тренерче. Не зборувам овде за овие како Ана Стојанова, Бубало, и овие сличните што продаваат програми. Зборувам за овие што работат индивидуално со секој клиент на база на консултации, а воедно споделуваат и бесплатни совети, снимаат reels итн. Како Dushan eternal fit. Јас прво го сметав тоа за bullshit, меѓутоа се повеќе ми се допаѓа тој концепт, да не морам во теретана, да можам и дома бидејќи сум презафатена. Или да одам во теретана кога сакам а не да сум под термин кој му одговара на личниот тренер туку едноставно некој да ме води низ процесот, но според мој распоред и мои можности. Бидејќи сум моментално со бебе,без распоред, без никаков ред. Кога се наоѓа некој да чува бебе тркнувам до теретана на тренинг, или дома правам тренинг со тежини. Фала Богу имам вежбачки стаж, си ги знам вежбите, само ми треба некој тоа да ми го склопи и среди. Освен вежбите гледам даваат целокупна исхрана според тоа што сакам и можам да јадам со израчунати калории. А сега ми се појави еден што дава и снимени вежби како база, тој ги објаснува и ти испраќа склопени тренинзи за тебе. Какви се вашите искуства ?