Здраво Јас веќе некое време користам онлајн тренер. Не е од Македонија и не е баш евтино – околу 200 € месечно. Немам вежбано со наш тренер, но претходно ја имам користено платформата на Бубало, како и неколку програми за исхрана од наши нутриционисти. За онлајн менторство се одлучив најмногу затоа што ми требаше мотивација и некој малку да ме „стави во ред“. Почнав со нова работа, имам доста обврски и сè уште се снаоѓам, па ми беше тешко сама да се организирам околу храната и тренинзите. Најмногу ме изненади исхраната. Додека ги користев програмите од наши нутриционисти мислев дека се супер, но гледано наназад ми делуваат доста комплицирано – на пример, само за една салата имаше еден куп намирници. Тука исхраната ми е протеинска, но многу поедноставна и практична. Има detox, fasting и нормален режим, а тренерот ги ротира во договор со мене. Секако, можам и да кажам дека нешто не сакам, на пример detox. Има опција за тренинзи и во теретана и дома, а нивото и вежбите се приспособуваат според физичката подготвеност. И вежбите и исхраната се индивидуални за секого. Плус, имаат платформа каде што секоја недела оставаш извештај со слики, мерки и слично, како и група за поддршка со девојки кои се на програмата. Тренерот е достапен секој ден, а има и периоди кога бара да праќаш дневен извештај. Не знам дали кај нас има некој со сличен пристап, но мене најмногу ме „купија“ едноставноста на оброците, индивидуалниот пристап и тоа што постојано имаш некој што те следи и те држи во ритам.
Па кажи кој е тој, ние тука бараме некој добар тренер, можеби на некоја ќе и се допадне баш тој што го фалиш.
VShred ? Или Josef Rakich ? Жими нив од странците ги консултирав. Така работат и некои наши. Ама ретки се, и не знам кои се навистина добри. Србите не ги сметам за странци. Мислам сите веќе сериозни фитнес тренери работат индивидуално, како што опиша.
Здраво на фб ја следам Sibina-Dejan fit coaches. Дали некој има искуство со овој фитнес тренер? Гледам по објавите на фб пишува дека може да и се прати приватна порака и да ти даде насоки. Дали навистина враќа на пораките?